Секој дизајнер користи различни програми за креирање на своите графички решенија, меѓутоа верувале или не, постојат графички дизајнери кои сеуште не работеле во Adobe Illustrator. Примарната цел на овој софтвер е креирање на векторски графики, односно ви овозможува да создавате и едитирате вектори и дизајни кои не тежат многу, а сепак може да бидат испечатени во висока резолуција.

Овој флексибилен програм е навистина соодветен за работа, бидејќи ви овозможува толку многу опции кои овој пат би сакале да ги споделиме со вас!

Имате потполна слобода да ги изразите своите идеи

Adobe Illustrator, kurs-illustrator, KURS ZA ILLUSTRATOR, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
Со Adobe Illustrator, имате целосна слобода да креирате дизајни. Можете да ги изразите своите идеи почнувајќи од нула и да дојдете до навистина импресивно графичко решение. Имате можност да креирате сѐ што ќе посакате користејќи ги алатките на овој софтвер, можете да ги едитирате дизајните без да го промените нивниот квалитет.

Може да креирате логоа

Adobe Illustrator, kurs-illustrator, KURS ZA ILLUSTRATOR, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Секој векторски дизајн може да се креира во Adobe Illustrator и со тоа да се обезбеди висок квалитет на авторската креација. Со користење на алатката за цртање имате слобода да креирате облици кои одговараат на вашата замисла за потребното лого. Истовремено, логото ќе биде без позадина, па ќе можете истото да го аплицирате на било која површина.

Имате слобода да ја менувате големината на вашите дизајни

Adobe Illustrator, kurs-illustrator, KURS ZA ILLUSTRATOR, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Со оглед на тоа што ќе креирате вектори во Illustrator, ќе можете истите да ги едитирате и да им ја менувате големината без притоа да го изгубите квалитетот на сликата. Без разлика колку ја развлекувате, сеуште ќе има одлична резолуција и супер квалитет.

Може да цртате објекти

Adobe Illustrator, kurs-illustrator, KURS ZA ILLUSTRATOR, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН


Сите објекти и цртежи може да изгледаат многу реалистично доколку се креирани во Adobe Illustrator. Со користење на мрежната алатка и алатката за градација може да креирате мазни површини и реалистични сенки, можете да ги нагласите деталите во вашите цртежи, а резултатите навистина да ги импресионираат клиентите.

Може да креирате цртани карактери

Adobe Illustrator, kurs-illustrator, KURS ZA ILLUSTRATOR, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Во Adobe Illustrator може да креирате супер кул карактери и маскоти кои потоа може да ги вметнете во брендирањето или пак да ги продавате на freelance веб страни ширум светот. Користете ја алатката за цртање (pen tool), додадете боја и користете ја алатката за градација за да креирате сенки. Доколку сакате да направите промени на цртежот или боите, истите може да ги направите многу едноставно во Illustrator.

Може да креирате икони

Adobe Illustrator, kurs-illustrator, KURS ZA ILLUSTRATOR, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Иконите се уште една работа која може да ја креирате во оваа програма. Треба само да одберете форма во која сакате да биде иконата и потоа да ги прилагодите со помош на мрежната опција која ја нуди Illustrator. Истите потоа може да ги користите на вашиот веб сајт, да ги додадете на графичките решенија наменети за принт или пак да ги објавите на веб страните каде се купуваат ваков тип на икони.

Може да цртате инфо-графици

Adobe Illustrator, kurs-illustrator, KURS ZA ILLUSTRATOR, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Со помош на инфо-графиците може на креативен и визуелен начин да покажете статистики и податоци кои потоа може да бидат објавени во дневни весници, магазини, постери или веб страни. Истите можете да ги креирате користејќи само Illustrator.

Adobe Illustrator е всушност совршена програма кога се работи за креирање на дизајни и ви дава потполна слобода да ја изразите вашата креативност. Па ако сеуште не сте запознаени со Adobe Illustrator, зошто не пробате какви сѐ опции може да ви понуди овој софтвер?

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.