„Вака изгледа училиштето во кое сакам да работам“ беше првото нешто што Николина ни го кажа кога дојде во Brainster. Тоа и се случи. Имаме нов член во тимот! Ако ги следеше бесплатните онлајн предавања сигурно ја знаеш Николина од Brainster.

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука. 

Која е приказната што те направи дел од овој тим?

Пред Brainster, никогаш не се гледав како дел од Tech индустријата. Амбициите и желбите ми беа насочени во сосема друг правец, за така, на денот кога го полагав мојот последен испит на факултет, да тргнат во сосема друга насока. Започнав од курсот за Дигитален маркетинг, (кој патем, беше избор помеѓу тоа дали да купам нова зимска јакна или да научам некоја нова вештина), потоа ја открив Академијата и стигнав до пракса во Brainster. На првиот ден на курсот мислев дека едвај ја преживувам технологијата. На последниот ден бев сосема убедена дека вака изгледа училиштето во кое сакам да работам, не само во форма на дигитален маркетинг, туку и во начинот на учење кој го овозможува Brainster. Во текот на факултетските студии имав можност да работам и патувам низ Америка. После искуството кое го стекнав таму, сфатив колку ситуацијата кај нас е разочарувачка. Brainster со начинот на образование ми беше вистинска светла точка што се приближува до најновите трендови во Tech индустријата.

Не е случајно што толку многу од учесниците на Aкадемијата ни доаѓаат од Филолошки факултет. Сепак е важно за еден дигитален маркетер добро да се изразува. Која е поврзаноста?

Голем дел од дигиталниот маркетинг се сведува на работа со текст. Почнувајќи од креирање реклами, водење блог, па се до смислување навидум обичен опис за пост на социјални мрежи. Техничкиот дел е она што се учи. Факт е дека работните позиции еволуираат и порано или подоцна ќе преминат во дигитална форма. Дигиталниот маркетинг, нуди можност да ја раскажеш приказната која стои зад твојот бизнис, а притоа креативно да се изразиш, што во корелација со маркетинг алатките може да донесе неверојатни бизнис резултати.

Работеше на неколку проекти преку кои имаше можност се што научи на Академијата за маркетинг да го имплементираш во стратегијата на Brainster. Што би издвоила?

Од првиот ден кога дојдов на пракса започнав со работа на проект. Заедно со тимот програмери, работевме на Brainster лекции. Brainster калкулаторот го направивме за само два дена, користејќи ги алатките и техниките кои ги научив на Академијата. Моментално работам на live strеam online предавања, нешто сосема поразлично, што воведува една нова димензија во начинот на учење. На Академијата работевме на вистински маркетинг кампањи, а знаењата и примерите кои ни ги пренесоа инструкторите се одлична почетна точка за многу успешно реализирани идеи во иднина.

Што ќе им порачаш на сите идни студенти на Академијата во Brainster? Зошто кариера во дигитален маркетинг?

Секојдневно, во било која ситуација нешто се продава. Секој поединец сам по себе е маркетинг. И, тоа е така отсекогаш. Продаваме идеи, продаваме начин на живот, продаваме позитивни и негативни искуства. Во случајов, интересно е што тој маркетинг е дигитален. Несомнено е дека e креативна и динамична индустрија каде работата никогаш нема да престане. За идните студенти: колку и да звучи веќе кажано, најнапред дефинирајте ја вашата цел. И секако, сакајте го патот. Ништо нема да ве донесе до целта ако не го изодите патот. Не е доволно да се покрене иницијатива, туку треба многу да се работи. Учете од успехот, а не од грешките. Не постојат грешки, постојат само успешни и неуспешни обиди. Или ќе бидеш Мaster или Disaster :). Доброто и во двете ситуации, е што секогаш може да се учи и работи, за и двете ситуации да се подобрат.

 

Уписите за Академијата се во тек. Види ја програмата тука. 

 

Related Stories For You