Првите чекори на генерацијата што мисли поинаку: импресии од NU средношколците

Постојат моменти кога генерациски чувствуваме како светот се менува — не преку големи настани, туку преку младите кои штотуку почнале нешто ново. Така изгледаа и првите денови на NU Академиите за талентирани средношколци: како почеток на нешто што не се учи од книги, туку од визија и од желба за промена, како и трансформација на образованието.

NU се 6-месечни академии за дизајн, маркетинг, програмирање и вештачка интелигенција, каде на младите не се гледа само како на ученици, туку како на идни програмери, дизајнери и маркетери кои уште сега почнуват да ја запознаваат индустријата.

„Сакам да бидам програмер кој создава решенија што им помагаат на луѓето.“

„Имам мотивација и љубопитност, заедно со желба да успеам, а оваа академија е вистинската шанса да го постигнам тоа што го посакувам.“
Борис Василев, Академија за веб програмирање х AI

Денес кога технологијата често изгледа ладна и оддалечена, Борис потсетува дека кодот може да биде чин на човечност. Зад секој ред код стои идеја, а зад секоја идеја стои човек што сака да направи разлика.

„Маркетинг + дизајн + AI е мојата формула за иднината.“

„Оваа програма ја гледам како инвестиција во мојата кариера, бидејќи ми помага да размислувам стратешки, да креирам визуелни приказни и брендови што оставаат впечаток.“
Ања Костадиновска, Академија за графички дизајн х AI

Ања ја гледа технологијата како продолжение на креативноста. Според Ања, технологијата не ја заменува уметноста, туку ја трансформира. За неа, дизајнот е јазик на иднината што комуницира преку алгоритми и емоции.

„NU е wake up call дека учењето може да биде интересно.“

„NU за мене е инспиративна, напредна, корисна. Место каде моите идеи имаат моќ, кога некој ќе ти даде простор да ги споделиш.“
Теа Барбашка, Академија за дигитален маркетинг х AI

Теа го доловува она што многумина го чувствуваат: дека вистинското образование не те присилува да учиш, туку те потсетува зошто сакаш да учиш.


На NU Академиите, средношколците, освен што учат високоплатени вештини кои се потребни на пазарот на трудот денес и во иднината, тие учат и како да размислуваат поинаку. Нивните ментори, кои се експери од индустријата, ги учат и како да бидат проактивни, креативни и одговорни во свет што постојано се менува.

Related Stories For You

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 29€ месечно!