На Академијата за дигитален маркетинг студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, и на тој начин се стекнуваат со најбараните техники и вештини на 21-от век.

Под менторство на нашите инструктори Давид Шојиќ и Вилијам Додевски, со голема посветеност и ентузијазам, студентите работеа на реален проект за реален клиент и креираа Landing Page за CEED Клуб на бизнис ангели.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Марија Крстевска Тасева.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Марија за нејзиното искуство на овој реален проект

 

 

Здраво Марија! Што ќе ни раскажеш за себе?

Здраво! Имам 29 години и сум од Куманово. Магистрирав финансово право на „Јустинијан Први“, а бев и стипендист на програмата за активисти за човекови права на Институт Хариман при Универзитетот Колумбија во Њујорк, како и на летната школа за постконфликтен развој и стабилност на Институтот Вулф на Кембриџ Универзитет. Половина од мојот живот поминав во младински организации и имав различни улоги, а  последните 10 години работам како проектен менаџер, тренер и консултант. Се запишав на Академијата за дигитален маркетинг со желба да научам нови вештини, да си отворам нови перспективи и можности. 

 

Ти си една од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и имаа можност да работат на креативни и интересни проекти. Најпрво, како си поминуваш на Академијата?

Академијата е одлична можност да се научат нови вештини преку слушање интерактивни предавања од експерти и работа на реални проекти. Досега скоро сите модули ми се подеднакво интересни и имам желба дополнително да се посветам за да го постигнам максимумот, но за жал работните и секојдневните обврски понекогаш не ми дозволуваат. Сепак, среќна сум и со ова што досега го постигнувам и учам. Сигурно ќе продолжам со истражувања и изучувања на дигитален маркетинг и по Академијата затоа што учењето, секако, не застанува тука, а и можностите што ги нуди оваа сфера дополнително ме мотивираат.

 

 

Раскажи ни нешто повеќе за овој проект? Што беше целта?

За овој проект требаше да изработиме лендинг страница за CEED Клубот на бизнис ангели. Најпрвин, добивме некои пишани информации, а потоа имавме и онлајн брифинг со клиентот на кој слушнавме кои се потребите и можевме да поставуваме прашања. Потоа, секој индивидуално работеше на оваа задача, а инструкторите ни беа достапни за прашања. По ова се пристапи кон досредување на деталите кои беа согласно желбите на клиентот.

 

Од каде ја црпеше инспирацијата?

Пред да започнам да ја креирам страницата истражував за CEED генерално и конкретно за Клубот на бизнис ангели и си ги запишував достапните информации. Во комбинација со она што ни беше пратено и кажано од самиот клиент, излезе контентот, а во поглед на дизајн гледав да го усогласам со постоечкиот бренд идентитет на CEED за да биде препознатливо. Првпат работев на лендинг страница, па некако повеќе следев интуиција, што на мене ми изгледа привлечно. Не можам да кажам дека имав инспирација од некоја конкретна страница. Претходно дури и не знаев што е лендинг страница, но сега веќе кога ќе видам некоја лендинг страница и елементите ги препознавам и знам како се направени.

 

 

Што би ни раскажала за чувството да се работи на еден ваков проект? 

Интересно во секој поглед. Јас во еден момент толку се внесов во креирање на страницата што истурив цело кафе врз мојот компјутер (не пробувајте го ова). Не прашувајте како заврши приказната… 

 

И за крај, колку си задоволна од целиот овој процес на работа, како и работата на реални проекти со кои оставате импакт на целото општество?

Преку вакви реални проекти најмногу се учи. Не за џабе се вели „Кажи ми и ќе заборавам. Покажи ми и ќе се сеќавам. Вклучи ме и ќе научам.” Навистина најмногу учиме кога ќе почнеме да работиме на задачата, па сами ќе пробуваме да ја изработиме по она што сме го слушале и гледале од инструкторот. Исто така, учиме и едни од други, при споделување на искуства со останатите студенти.



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!