Запознај го Миле Митев – сѐ уште наш студент на Академијата за графички дизајн, а веќе започна на практикантска позиција како графички дизајнер во маркетинг агенцијата Identity.

Дополнително, Миле е и дел од победничкиот тим кој направи постер дизајн и видео на Хакатонот за Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје. Исто така, неговиот предлог за лого и визуелен идентитет за клиентот Healthy Life Skills, по презентацијата пред клиентот беше прогласен за победнички.

 

Си поразговаравме за неговото кариерно патувањe

 

 

Здраво Миле, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво. Јас сум Миле Митев и сум студент на Академијата за графички дизајн. Имам 20 години и доаѓам од Струмица. Сакам патувања, добра енергија, добра музика и секако фудбал.

 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Имајќи го малото искуство од порано сакав да научам повеќе за графичкиот дизајн и така одлучив да се запишам на Академијата. Сакав да се усовршам во секоја сфера на дизајнот. Прво бев студент на Економскиот факултет во Скопје каде што не се пронајдов и решив мојот пат да го насочам кон графичкиот дизајн којшто можам да кажам дека е најдобрата одлука во мојот живот. Мојата желба да научам графички дизајн се исполни, но секако секој ден се учи сѐ повеќе и повеќе.

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си поминуваш на Академијата за графички дизајн? Имаш ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Можам да кажам дека Brainster е една од најпознатите едукативно-технолошки институции во нашата држава и дека е одлично организирана и сум пред сѐ благодарен што сум дел од Академијата. Сакам да се заблагодарам на одличните инструктори кои несебично го делат нивното знаење со нас студентите и дека во секое време се тука за нас.

 

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Најважно од сѐ е да веруваш во себеси и да веруваш во тоа што го правиш и да бидеш упорен без разлика на условите. Добрата комуникација и вежбањето се само дел од процесот. Мораме да бидеме оптимистични за секоја работа, секогаш ќе има нешто што не ни е јасно и секогаш ќе има нешто што не го знаеме, но вербата во себе и желбата човек да научи сѐ е многу важен фактор за тоа како ќе се развиваме и какви личности ќе станеме.

 

 

Почетокот на твојата кариера како графички дизајнер ја започна во Identity. Раскажи ни како изгледа работен ден?

Почетокот на мојата кариера започна неодамна како графички дизајнер во Identity, маркетинг агенција која се наоѓа во Скопје. Во неа владее убава атмосфера и е исполнета со многу убава енергија, shout out до колегите кои се многу фини и љубезни. Еден работен ден започнува со доаѓање во агенцијата каде денот го започнуваме со утринско кафе кое ќе ни даде енергија да ги исполниме сите наши задачи кои се зададени за тој ден. Комуницираме, учиме еден од друг и си помагаме. Мојата работа од соништата полека се исполнува. Можам да кажам дека секој ден ми е се поорганизиран и поефикасен. Среќен сум со тоа што го работам, го работам со задоволство и едвај чекам нови предизвици.

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Секој ден треба да учиме нови техники, бидејќи во денешно време излегуваат нови работи скоро секој ден. Мора да ги следиме трендовите, но и мора да имаме свое ЈАС со коешто ќе можеме да се изразиме како дизајнери.

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Се гледам како успешен и подобар графички дизајнер којшто е исто толку среќен во работата колку и сега.

 

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Ме охрабри тоа што сакам да научам нови работи, сакам предизвици и дека секогаш треба да си ги следиме своите соништа колку и да биде тешко. Упорноста и вербата во себе на крај секогаш се исплаќа. Верувајте во себе и следете ги вашите соништа!



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!