Бојан Василев  – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање

Запознај го Бојан Василев  – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец јули 2023.

 

Име и презиме: Бојан Василев

По професија: Дипломиран економист

Академија: Академија за Front-end програмирање

Зошто баш оваа област: Бидејќи можностите се бесконечни! Програмирањето може да се примени во секоја друга област.

Што те мотивира постојано да учиш: Самото тоа што постојано учам нешто ново, ми причинува големо задоволство и ме мотивира да одам чекор понатаму.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Можноста да го прочиташ кодот и да знаеш како функционира веб страницата и што се случува во позадина.

Омилен модул и зошто: Дефинитивно JavaScript бидејќи тогаш сè доби смисла.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите се одлични, посветени и полни со знаење, но мене најголем впечаток ми остави Иван. Неговиот ентузијазам и љубовта кон програмирањето ми створија желба за учење и напредок во оваа област.

За 5 години сакам да бидам: Добар и успешен Front-end Developer.

Хоби: Видео игри, ТВ серии и филмови.

Омилена книга: Алхемичарот од Пауло Коељо.

Омилен цитат: Ништо не е невозможно ако си доволно упорен.“

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!