На Академијата за графички дизајн, студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, преку кои ги стекнуваат потребните вештини за почеток на нивната кариера во светот на графичкиот дизајн.
На модулот „Лого и визуелен идентитет“, студентите имаа задача под менторство на инструкторот Александар Нофитоски, да креираат лого и бренд идентитет за клиентот Извор.
Во оваа блог објава, ќе ја запознаете Марија Стојановска чие решение го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот.
Во продолжение си поразговаравме со Марија за нејзиното искуство

Здраво Марија! Ти си дел од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, сподели ни нешто за себе!
Здраво, јас сум Марија и сум дипломиран етнолог и антрополог, сега и тековен студент на Академијата за графички дизајн. Јас сум личност која го сака визуелното изразување, сметам дека тоа е еден начин преку кој можеме да пренесеме порака или да раскажеме приказна.
Беше дел од едно незаборавно искуство каде што имаше задача да испорачаш едно креативно решение за клиентот Извор. Раскажи ни повеќе за овој проект.
Извор е невладина организација која има за цел да создаде безбедно и убаво место за младите луѓе во регионот во Кичево. Ми беше многу драго што бев дел од ваков проект и тоа што ги исполнив очекувањата и барањата на организација која се труди да направи позитивни општествени промени за младите луѓе.
Која беше идејата зад проектот и целта што требаше да се постигне?
Идејата беше да се дизајнира лого и визуелен идентитет кој ќе ја претставува организацијата. Целта беше да се претстави нивната работа и да се раскаже приказната позади Извор.

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?
Соработката со Извор како и со менторот Александар Нофитоски беше одлична. Клиентот ни ги даде сите информации за организацијата и ни остави комплетна слобода креативно да се изразиме. Тоа ни овозможи секој преку својата перспектива да го презентира впечатокот од организацијата и да ја пренесе нивната порака.
Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно вакво интересно решение?
Во текот на целата Академија сите дадени задачи ги работевме со почитување на рокови. Со добро организирање и посветеност може сѐ да се заврши во дадениот рок. Па така, најпрво започнав со истражување, потоа направив moodboard каде ги претствавив сите идеи и насоки, и потоа започна креативниот процес.
За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини?
Сметам дека работењето на реални проекти е една од најважните практични работи на Академијата. Не само што имаме прилика да покажеме што сме научиле, туку и како нашето решение да го презентираме на најдобар начин. Со самото вакво искуство се чувствуваме поспремни да ги примениме знаењата во идна професионална средина и да продолжиме да се надградуваме во областа.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
