Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Орјета Зулалај – Office Manager во тимот на Brainster Albania.
Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.
Здраво, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Hello, hello. Јас сум Ори и работам како Office Manager во канцеларијата на Brainster во Тирана. Мојата работна позиција вклучува секојдневни активности во поглед на финансии и менаџмент.
Како изгледа еден твој типичен работен ден?
Еден мој типичен ден проаѓа во континуирана комуникација со тимот и колеги од Македонија и одржување контакти со партнерите во Албанија. Тука спаѓаат активности како: одржување состаноци, одговарање на мејлови, завршување на задачите или проектите навремено, како и континуирана интеракција со колегите или клиентите во врска со различните потреби на организацијата.
Што правиш во слободно време? Дали имаш некое хоби?
Се трудам максимално да го искористам моето слободно време активно, со другарки и другари со кои се чувствувам добро и со кои делиме исти интереси. Обожавам да патувам и никогаш не велам „не“ кога станува збор за патување. Мојата најголема страст е литературата и кинематографијата. Дополнително, моето хоби е градинарството.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Среќна сум што работам за компанија која го вреднува балансот помеѓу професионалниот и персоналниот живот и има иницијативи за поддршка на своите вработени. Brainster ја разбира важноста на одржувањето на здравата рамнотежа и во тој поглед нè охрабрува да земеме слободно време за одмор, кога и да е потребно. Дополнително, имаме можност за работа од далечина и имаме пристап до платформи кои го помагаат нашиот личен раст. Најважното што би сакала да го нагласам, е фактот дека Brainster e pet-friendly компанија и секогаш се добредојдени нашите миленици.
За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Brainster е компанија со можности за континуиран раст, без разлика дали станува збор за личен или професионален аспект. Вредностите кои ги негува Brainster, како и визијата и мисијата, ме прават да се чувствувам гордо што сум дел од овој тим. Поддршката од страна на колегите е неизбежна во секое време. Исто така, имаме и можност континуирано да учиме и да ги надградуваме своите знаења и вештини преку различните академии, а ова е несомнено најголемата поддршка за нашиот раст и развој.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.



