Запознајте го Иван Гочев – инструктор на нашата Академија за Data Science. Тој е магистер по електротехника и информациски технологии, кој веќе 5 години работи во областа на објаснета вештачка интелигенција (Explainable AI) во склоп на системи базирани на знаење. Неговото работно искуство се состои од 2 години како помлад асистент и истражувач на ФЕИТ при Институтот за автоматика и системско инженерство, како и 3 години во Siemens AG при Институтот за семантичко моделирање и расудување.
Запознајте го Иван – инструктор на нашата Академија за Data Science
Име и презиме: Иван Гочев
Академија: Академија за Data Science
Модул: Python
Професија: Истражувач
Искуство: 5 години
Зошто баш Data Science: Вештачката интелигенција и Data Science се две полиња кои се развиваат премногу брзо и приложуваат огромен број на интересни предизвици во различни полиња: индустрија, медицина, фармација, итн. Решавањето на тие предизвици носи многу бенефиции за човекот и можат многу да го олеснат разбирањето на системи базирани на вештачка интелигенција и работата со таквите системи. Токму поради тоа сум заинтересиран и мотивиран да истражувам и работам во овие области.
Хоби: Видео игри
Омилена книга: Математички Ген – Кит Девлин
Оценка од студенти: 4.9
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
