Како повеќето млади луѓе и Кристијан Бобевски го помина периодот на пронаоѓање и двоумење околу тоа која кариера да ја одбере. Пред да се запише на Академијата за програмирање главниот страв му беше дали програмирањето е воопшто за него и дали ќе се снајде во IT индустријата која напредува со огромна брзина и бара константно учење и напредување. После 10 месеци од првиот час, се вработи како Front-end developer во софтверската компанија Steets и е еден од асистентите на Академијата за програмирање.

 

Што правеше пред Академијата и како се одлучи да започнеш кариера како програмер?

Пред академијата сѐ уште се барав себеси, лутајќи во многу полиња и сфери во животот, но Академијата беше онаа клучка која што повторно ме врати на љубовта која што ја имав кон програмирањето уште во средно.

Иако пред почетокот повторно се двоумев дали тоа е правиот избор за мојот професионален живот, дали да се насочам целосно кон програмирање, сега со сигурност можам да потврдам дека сум го направил најдобриот избор за себе.

 

Кои се карактеристики на добар програмер според тебе?

IT индустријата напредува со огромна брзина, па и ние како програмери треба да сме во тек со сите новитети, за да би можеле да ги примениме. Добриот програмер треба да поседува и дигитални компетенции кои покрај програмирањето и пишувањето на кодови мора да знае и кои решенија се најдобри за корисниците.

Мислам дека најдобра карактеристика која го краси секој програмер е упорноста, проследена со амбициозност, истрајност и многу посветеност кон професијата. Сепак, да не го заборавиме и перфекционизмот, без кој никој Front-end Developer не би бил успешен.

 

Што е потребно за да се стигне до позицијата која ја имаш денес?

За да стигнам до оваа позиција ми требаше многу работа, трпение, упорност, истрајност и доследност во извршување на поставените задачи.

Ние сме луѓе со специфичен начин на размислување и се стремиме да работиме во тим. Моментално сум дел од еден ваков тим и се вклопувам перфектно. Никогаш не ми било досадно и монотоно, постојано има нешто ново, нови луѓе со коишто соработувам. Како резултат на таа соработка сретнав прекрасни колеги со кои комуницирам и се дружам и приватно.

 

Што мислиш дека ќе ти биде најголем предизвик за совладување во иднина?

Како програмери научени сме на multitasking, па затоа и немам некој главен предизвик. Мојот живот се сведува на многу предизвици расцепкани на временски периоди. Ако би можел да издвојам, периодов ширам симпатии и како предизвик гледам кон iOS Development.

 

Што според тебе треба да знаат сите идни програмери?

Учењето не завршува со завршување на Академијата или факултетот. Постојано се учат нови работи и треба да се склони на тој начин на живот.

 

Интервјуата за упис на Академијата за Front-end се во тек. Доколку веруваш дека твојата приказна може да биде една од успешните приказни на Brainster, пријави се сега и закажи го твоето интервју.