5 веб страници кои не би претпоставил дека се во WordPress

Не секогаш може лесно да се препознае која платформа стои позади оние кул и разиграни веб страници за кои си викаме „woow, којзнае како го постигнале ова“. ?

Ако мислиш дека WordPress e алатка која ја користат аматери, размисли повторнo откако ќе го прочиташ блог постов.

Најновите статистики покажуваат дека околу 30% од веб страниците во светот се автоматизирани и поддржани токму од WordPress.

Во мај,  WordPress прави 16 години откако за првпат се лансирал на онлајн пазарот, што го прави постар од Facebook и Twitter.  Започнал, e и во иднина ќе остане како бесплатна платформа за креирање на веб страници. Во WordPress, веруваат дека еден моќен софтвер треба да работи со минимум најнеопходни прилагодувања за на крајот од денот, главниот фокус на клиентот да остане на креирањето на приказната, продуктот  или услугите кои сака да ги прикаже.

Денес, со мал милион постоечки plug-in и и надградби достапни за WordPress кои можеш да ги вметнеш и искористиш, опциите да реализираш една идеја за веб страница се и повеќе од достапни.  

Издвоивме неколку страници што нам ни се допаднаа со нивната содржина и изглед, а се целосно изградени на платформата на WordPress.

 

1. noformat

noformat e познато дизајн студио со седиште во Њујорк. На почетната страница се прикажува анимиран дизајн на зеницата на окото,која го следи курсорот на посетителот.  Додека се движиме со него, се менуваат циклуси од краток текст што го објаснуваат портфолиото на компанијата и услугите кои тие ги нудат. Минимално, bionic futuristic ?

Другите подменија ја следат силната импресија на почетната страница со on-scroll транзицијата и суптилните ефекти.

„Го одбравме WordPress за нашата страница поради брзината и флексибилноста што ја нуди“–  велат од noformat.  

 2. NewYorker Magazine

 

Сигурно си слушнал за ова списание, и да, нивната страница е изградена со помош на WordPress. Излегува еднаш неделно и покриваaт теми како поп-култура, уметност, книжевност, бизнис вести, технологија и политика.

Се подразбира дека мeнито на почетната страна е многу пообемно од она на noformat, затоа што се работи за списание кое покрива многу повеќе теми и содржини. Забележуваме различни димензии и формати на слики, а сепак, воопшто не се оддава впечаток на пренатрупаност и хаотичност.

Системот и кратките чекори при објавување што го овозможува WordPress помага лесно да креираме и објавуваме содржини како блогови, подкасти, видео, слајдови и интерактивни графици.“– велат од креативниот тим на NewYorker.  

3. TechCrunch

 

TechCrunch е веб страна која ги покрива најновите и најсвежите tech идеи и проекти од светот на технологијата и иновациите. Плус, тие ги следат новостите на старт- ап заедниците и развојот на нивните продукти.

Менито на вебсајтот како и самата содржина е релативно едноставна- микс од текст, слики и видеа кои се презентирани во timeline формат, односно, се подредени по времето на објавување. Бидејќи акцентот се дава на креирање и пласирање новости пред било кој друг да објави иста или слична содржина, timeline форматот за нив е идеален за презентирање на ваков контент.

Тие имаат целосно покриен  дел со видео reviews за најновите подвизи и иновации, како и начините на кој функционираат голем број на старт-апи и нивното финансирање.

„За нас е од особена важност да креираме единствен и креативен видео content, на тој начин сме поблиску до нашата таргет група и креираме чувство на блискост и  заедништво (community). Го сакаме WordPress и со негова помош се справуваме со нашите обемни видео содржини кои го имаме, а притоа лесно и едноставно ги креираме на страницата.“ велат од TechCrunch.

4. LinkedIn Blog

Да, блогот на најпосетуваната професионална мрежа  е направен во WordPress. ? Овој блог е наменет за една цел и тоа е јасно уште од самиот почеток кога ќе го посетиш- креирање едноставни содржини од областа на кариерата и вработувањето. Содржината, разбирливо и од самата LinkedIn платформа, е  фокусирана на човечките ресурси, добрите практики при вработувања кои се применуваат на глобално ниво и менаџментот на таленти.

„blog.linkedin.com е целосно одвоен од самата LinkedIn мрежа. Она што сакавме да го постигнеме е поголема блискост со оние кои не читаат и чувство дека позади нашиот блог стои човек кој грижливо ја пишува и креира вистинската содржина, само за тебе“- велат од официјалниот блог.  

 5. Fruits.Co

Како ти се чини омилената продавница со овошје да е на еден клик од тебе? ?   

Fruits.Cо се тим со седиште во Сингапур и продаваат онлајн различни видови на овошје. Не можевме да останеме рамнодушни на изгледот и  начинот на кој се претставени сите продукти посебно, со многу вложено внимание и љубов.

Токму оваа страница е проект на кој работел тимот на Webpigment и инструкторот на курсот за WordPress во Brainster- Давид Шојиќ. Главниот предизвик бил да се вметне plug-in што ќе го синхронизира продавањето на продуктите, времето за достава, нарачките и клиентите. Се работи за WooCommerce plug-in от кој WordPress страницата ја трансформира во е-продавница и ги синхронизира сите потребни чекори со цел процесот пласирање-нарачка-достава беспрекорно да функционира.

Инаку на курсот за WordPress во Brainster ќе ги разработиме сите можности кои ги нуди WordPress како алатка за креирање на твојата прва веб страница. За секој учесник обезбедивме пристап до работен domain на кој ќе може паралелно да работи со инструкторот за време на курсот.

Moжеби твојот блог, e-продавница или online списание ќе биде токму проектот за кој гордо ќе зборуваме дека се стокмил кај нас на курс ?