5 чекори како да се справиш со предизвикот наречен кариера

Кога станува збор за кариера, важно е да знаеш што навистина сакаш за да може да се фокусираш и насочиш кон остварување на поставената цел уште за време на студирањето

Како студенти најмногу се фокусираме на факултетските активности и најчесто сметаме дека дури по завршувањето на студиите треба да почнеме да ја градиме нашата кариера. Додека пак по дипломирањето се соочуваме со потешкотии околу наоѓањето работа и стекнувањето на работно искуство. За да не се најдеш во таква ситуација, почни да ја градиш твојата кариера за време на студиите следејќи ги неколкуте совети кои може да ти помогнат полесно да се справиш со кариерниот предизвик.

Пронајди се себе си, дознај што навистина сакаш

157-social-media_easy-resize-com

За да почнеш да ја градиш твојата кариера уште во студентските денови, најпрво треба да дознаеш што сакаш. Така ќе знаеш кои вештини и знаења ти се потребни за да станеш тоа што сакаш да бидеш и ќе може да се насочиш кон нивно стекнување.

Ако си еден/а од тие што тешко успеваат да се пронајдат во тоа што го студираат, започни да одиш на пракса која ќе ти озвозможи да дознаеш дали професијата која те очекува после завршувањето на студиите е за тебе и сакаш со тоа да се занимаваш. Доколку тоа не е случај, започни да се занимаваш со работи кое се надвор од областа која ја студираш. Волонтирањето во некоја организација е одлична можност да се запознаеш со различни активности и кариерни области кои ти стојат на располагање и во кои може да се насочиш. Посетувањето на различни семинари, обуки, курсеви ќе ти обезбеди знаење и вештини кои може да ги искористиш за да започнеш да градиш кариера во друга област.

Едноставно, пронајди го тоа што навистина сакаш да го правиш, тоа што те придвижува и насочи ја целата енергија кон тоа.

„Никогаш не престанувај да бараш… еден ден ќе го пронајдеш тоа што го сакаш„

Постави си цел-никогаш нема да бидеш во состојба да ја погодиш целта што не ја гледаш

1-k-29-f-6892-lyj0295b-1-planning_easy-resize-com-1

Постави си цел – за 10 години сакам да бидам најдобар ИТ експерт; најдобро платен/а маркетинг менаџер/ка; сакам да имам свој бизнис; и насочи ја целата твоја енергија кон нејзино постигнување. Целта ќе те фокусира и покаже патот по кој треба да чекориш, какви вештини и способности треба да стекнеш, какво знаење и искуство треба да поседуваш.

Не се ограничувај себеси. Цели високо, имај визија за твојата иднина. Високата цел ќе те држи во континуиран личен и професионален развој. Секогаш ќе мора да се надоградуваш себеси, секогаш ќе треба да стекнеш нови вештини, да знаеш повеќе, да работиш подобро за да ја постигнеш посакуваната цел. Континуираното вложување во себе ќе ти овозможи да го збогатиш твоето искуство и подобриш твоите квалитети со што ќе бидеш поконкурентен на пазарот на труд.

„Летај„ високо – ако знаеш правилно да леташ нема да паднеш, но прво научи да леташ„

Најди си тим за успех

77_easy-resize-com

Многу е важно да имаш поддршка во тоа што го правиш и кон тоа што целиш. Покрај таа од семејството, многу е значајна и корисна поддршката и од пријателите. Битно е да си опкружен/а со луѓе кои те разбираат и сфаќаат, луѓе кои имаат исти цели и амбиции како тебе. Полесно е кога заедно чекорите по кариерниот пат и меѓусебно си нудите поддршка и совети, разменувате мислења, знаења и искуства.

Ако се наоѓаш во ситуација во која си пропуштен/а сам/а на себе, присуствувај на семинари, обуки, натпревари и настани од сферата од твој интерес, стани член на некоја студентска или невладина оргнаизација, таму сигурно ќе запознаеш твои истомисленици.

„Секогаш бидете опкружени со среќни и успешни луѓе„

Избери го патот кој те предизвикува!

230-trekking-1_easy-resize-com

Градењето кариера е долготраен процес кој бара посветеност, труд и многу работа, но пред се` знаење и искуство стекнато преку професионалниот развој на личноста. Затоа, секогаш избери го потешкиот пат каде ќе треба да совладаш многу пречки и проблеми, да се справиш со многу падови и предизвици, да разрешиш различни конфликти.. Така ќе научиш многу, ќе стекнеш нови знаења, вештини и способности  кои ќе те одведат до твојата посакувана професија и ќе те направат вистинки професионалец.

„Подолгиот и потежок пат ќе ви даде непроценливо искуство и знаење.

Биди CEO на твојата кариера

97-writing_easy-resize-com

Стекни менаџерски способности и вештини кои ќе ти помогнат да ја насочиш твојата кариера во вистинска насока и ќе може да ја оствариш твојата цел. Посвети им внимание на сегашните твои квалитети, види што треба да се промени и надогради, што треба да се усоврши и подобри, почни да ја менаџираш твојата кариера иако е на самиот почеток

Менаџирањето е континуиран процес на планирање на кариерата која вклучува избор и пставување цели како и формулирање стратегии за нивно постигнување.  Успешното менаџирање на кариерата се состои од низа на навики како што се градење контакти и бизнис врски, надоградување и усовршување на твоите квалитети, поставување и промена на целите според потребите на проефсионалниот и приватниот живот. Имајќи го ова во предивид ќе можеш да ги  оствариш твоите кариерни цели и професионален развој.

„Ако и обрнеш внимание на сегашноста, можеш да ја подобриш, така ќе биде подобро и она што ќе ти се случи во иднина„

Курсеви кои би можело да те интересираат

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: визија, иднина, кариера, менаџмент, обуки, пракса, работилници, семинари, стартап, стратегија, студии, вработување, чекори, цел.

 Маја Трајкова

maja

Студира е-бизнис на Економски факултет каде пројавува интерес за маркетинг и завршува Академија за макетинг во NewMan’s Business Accelerator. Има повеќе од 7 години искуство во невладини ораганизации во земјава и странство. Долгогодишното волонтерско искуство, формалното и неформалното образование го поттикнуваат нејзиниот интерес за различни области-пиер едукација, бизнис, технолгии, иновации, стартапи..

Се води според мотото: Dream Big & Believe Deep!

Related Stories For You