4 години Brainster: растеме и споделуваме вредности

Оваа година обврската и задоволството да ги споделам најважните работи кои се случија во Brainster во изминатите 365 дена ми припадна мене. Ја преземав од Петар, кој за 4-от роденден на Brainster даде личeн осврт на изминатиот период. 

Воедно, ќе споделам и дел од работите кои ќе се случуваат во наредниот период, и кои се базираат на нашата заложба за споделување вредности со сите луѓе кои го одат патот заедно со нас. Затоа, остани до крај на постов – има добри шанси да има нешто и за тебе.

Што се случуваше четвртава година во Brainster? Одиме по ред.

Оние за кои постоиме

Во 2019 заклучно до денес, запишавме 500 студенти само на програмите за промена на кариера, и тоа:

Уште 1000 други луѓе љубопитни за нови знаењеа ги посетија нашите куси програми – курсевите и поп-ап курсевите, со што вкупната бројка на луѓе што поминале низ нашите програми за 4 години достигна над 8000 луѓе.

Одржавме обуки за над 70 компании во делот на business intelligence, design thinking, digital transformation, digital marketing.

Склучивме соработка со над 100 компании за програмите Learning Partners и Hiring Partners, кои создадоа супер нови можности и за компаниите и за нашите студенти.

Она што беше најважно, го задржавме процентот на вработување на сте оние кои беа во потрага по нова кариера на над 85%

Оние со кои заедно се бориме

Има луѓе со кои можеш да се тешиш дека работите не се како што треба, но нема многумина со кои можеш да се бориш да ги промениш.

Сега за сега успеваме да ги пронајдеме. 

Тимот на Brainster се прошири и се засили сериозно. Бидејќи веруваме во нашите програми, најголем дел од тимот на Brainster се уште го сочинуваат луѓе од нашите Академии. Ни се приклучија:

Ива, Иван, Ѓорѓе и Стефанија од Академијата за дигитален маркетинг, 

Кире од Академијата за графички дизајн, 

Алек – Алумни од академијата за програмирање.

Но и сѐ повеќе сениори го препознаваат Brainster како идеално место на кое можат да ги реализираат своите идеи и амбиции, па така на тимот му се прукличија и

Тина, Марија и Ања кои му донесоа големо искуство на тимот.

Така, во новата година влегуваме со тим кој брои 17 луѓе.

Дополнително, на постоечкиот тим од 70 инструктори, оваа година му се приклучија уште 20-тина нови професионалци, докажани во своите области.

Она со што се гордееме

Ја започнавме најсериозната програма во регионот – Академијата за Data Science. Станува збор за интензивна сеопфатна програма, 4 пати во неделата, 12 месеци – SQL, Статистика, Python, Machine Learning, Big Data. После сериозна селекција меѓу преку 200 кандидати, ги одбравме 18-те најдобри кои за сега ги оправдуваат големите очекувања.

Уште 2 групи почнуваат во март, а нашата цел е да создадеме врвна Data Science заедница, која ќе не стави на мапата на највреднувани области на денешницата.

И веројатно најважното – го проширивме фокусот на бизнисот, од едукација кон talent economy и активно го унапредуваме екосистемот кој треба да понуди комплетно кариерно решение: од едукација, преку напреден процес на регрутација, до креативна и добро платена кариера. Во март, влеговме во стратешко партнерно со Laika – компанија за поврзување tech таленти и компани, од кое најмногу бенефит добија нашите студенти кои сега уште полесно стигнуваат до понуди за работа. А денес веќе може да го објавиме и следното клучно партнерство, со Colony – компанија за градење тимови од домашни tech професионалци која ќе понуди можност за работа на некои од најатрактвините глобални продукти.

Она што со нетрпение го очекуваме

Започнаа уписите за две нови програми – Академијата за WordPress Development и Академијата за Software Testing. По 40 кандидати започнуваат на двете програми во март.

Подготвуваме 2 нови продукти кои наскоро ќе ги лансираме – едниот е иновативен концепт наменет за компании, другиот за сениори во дигиталните вештини.

Уште една голема работа која работиме е сосема нова платформа за неформално образование на деца, но за тоа наскоро.

И конечно можеби најочкуваната работа која едвај чекаме да ја споделиме со вас. Нешто што ќе има импакт врз целата tech заедница и сите кои сакаат постојано да учат, споделуваат и креираат. Токму затоа заслужува поголема најава, што и ќе се случи наскоро.

Она што имаме да го споделиме со вас – во декември

Во основата на нашите вредности останува споделувањето. Затоа, по повод нашиот четврти роденден, сакаме да вратиме по нешто на сите оние кои го одат патот заедно со нас, па затоа го прогласивме декември за месец на споделување вредности. За почеток ги подготвивме следниве активности, а ќе има и многу други:

  • Бесплатна работилница на тема дигитална трансформација за сите наши Learning и Hiring partners која ќе се оддржи на 6 декември
  • Бесплатна работилница за сите наши инструктори на тема комуникациски и презентациски вештини со Ана Јовковска и Дарко Булдиоски на 17 декември
  • Бесплатна работилница за кариерен развој спроведена од Laika која ќе опфати креирање на CV, портфолио и комуникациски вештини за интервју за сите наши студенти која ќе се оддржи на 14 декември
  • Бесплатни работилници за нашите вработени за фотографија и storytelling на 11 и 13 декември. 

Доколку си во некоја од горе-споменатите групи, очекувај покана за овие настани деновие или пиши ни слободно да те вклучиме на списокот.

За крај, како секогаш остануваме отворени за сите ваши препораки, сугестии, можности за соработка – за сѐ она што може да го направи нашето секојдневие побогато за можности за сите. Тоа ќе ни биде најубавиот роденденски подарок.

Related Stories For You