“Со маркетинг немав никакво професионално искуство пред Академијата. Тоа беше и една од причините зошто се запишав на оваа програма. Слушнав доста добри препораки за тимот и решив да пробам да направам посериозен чекор во мојата кариера.”

Во маркетингот има една категорија на луѓе кои отсекогаш знаеле дека тоа е она што сакаат да го работат. Александар Лучков од Велес спаѓа во оваа категорија. Отсекогаш ги сакал рекламите и отсекогаш бил импресиониран со одлично смислени и конципирани маркетинг кампањи. Како дел од „велешката школа“ има направено неколку едноставни вебсајтови во форма на магазини за вести и има управувано со неколку Facebook страни.

Кога се запозна со програмата на Академијата за дигитален маркетинг тогаш дефинитивно реши да проба да направи посериозен чекор кон кариера за која отсекогаш сонувал. Моментално ги слуша последните часови на Академијата и пред да го заврши финалниот проект веќе ја започна неговата кариера во „Супер 5ка“, еден од најголемите домашни FMCG брендови.

Кога се работи за кариера во маркетинг обично или точно знаеш дека е тоа кариерата која сакаш да ја започнеш или случајно влегуваш во тие води. Од каде интерес за маркетинг кај тебе? Како реши да се запишеш на Академијата?

Уште од мала возраст бев заразен и заљубен во дигиталниот свет и технологијата. Исто така, отсекогаш ме интересирале маркетинг триковите кои сум ги среќавал на секој чекор. Актуелноста на социјалните мрежи и дигиталното рекламирање ме натера да размислам и сфатам за потенцијалот на дигиталниот маркетинг и како тоа би било совршено за мене.

За Академијата дознав преку социјалните мрежи. Читајќи неколку од нивните блог постови, кои се преполни со корисни информации и релевантни содржини, се мотивирав малку повеќе да истражам за Академијата за дигитален маркетинг. Целата програма на Академијата е совршено создадена со она што му треба на еден маркетер.

Дали имаше некакво претходно искуство кога се работи за маркетинг?

Со маркетинг немав никакво професионално искуство пред Академијата. Тоа беше и една од причините зошто се запишав на оваа програма. Слушнав доста добри препораки за тимот и решив да пробам да направам посериозен чекор во мојата кариера.

Какво е целото твое досегашно искуство со Академијата? Кои беа најголемите предизвици?

На Академијата нема нешто што не ми се допадна (Освен тоа што брзо ми заврши :D). Ако морам да одберам нешто што најмногу ми се допадна тоа сигурно ќе биде работењето на реални проекти за фирми кои се Learning Partners на Brainster. Реалните проекти се нешто што најмногу значи во изучувањето на алатки и стратегии за дигитален маркетинг.

Најголем предизвик за мене, а воедно и еден од најинтересните бидејќи немав никакво познавање беше модулот за ПР со Љупка Наумовска. За мене ПР беше нешто ново што на почетокот не знаев ни што точно значи и кои се главните цели на ПР и колку голема функција може да има во маркетингот на една компанија.

Кој би бил твојот совет за некого кој се размислува во моментов да се запише исто на кадемијата?

Секој што е заинтересиран за ваква кариера и сака да ужива на своето работно место… GO FOR IT! Можете да изгубите само ако не пробате.

Кои се твоите навики за кои мислиш дека најмногу ти помогнале да успееш да ја направиш оваа трансформација во кариерата?

Јас сум секогаш добро организиран со моите обврски и секогаш се трудам она што го работам да биде сработено како што треба до крај. Мислам дека организираноста е клучна за ваква трансформација, но опуштеноста и креативноста исто така имаат голема улога.

Уште пред да ја завршиш академијата си најде работа „во струка“. Како ти е на новото работно место? Што најмногу ти се допаѓа?

Уште не ми се верува дека после 16 недели на Академијата за дигитален маркетинг пронајдов работа која ја посакував. Тимската работа и опуштеноста се причините за кои што секој би сменил кариера или работно место. Едноставно уживам и едвај чекам нов предизвик или кампања.

Доколку размислуваш за промена или започнување на нова кариера, разгледај ги програмите на нашите академии: Академија за дигитален маркетинг, Академија за програмирање и Академија за дизајн. Уписите се во тек.

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!