„Маркетинг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

За денешната маркетинг алатка на денот одлучивме да ве запознаеме со Sendible – моќен софтвер за менаџирање на социјални медиуми кој ви овозможува многу повеќе од останатите платформи.
Имено, се работи за софтвер кој ви овозможува постојано да пратите што се пишува на социјалните медиуми во врска со вашиот бренд, да го мерите ефектот на секој тип на содржина што го споделувате, да ги анализирате содржините од повеќе профили како и да се конектирате со корисниците од повеќе социјални медиуми.

1

Отсега нема потреба да се логирате на секоја мрежа посебно и да постирате преку профилите на Facebook, Twitter, Google+, Pinterest, LinkedIn и останати медиуми.
Sendible ви нуди опција симултано да објавувате статуси на секој профил кој го менаџирате, да ги кратите url линковите, да прикачувате фотографии, да ја таргетирате саканата публика на Facebook и слични опции кои ќе ви ги поедностават секојдневните обврски.

Имате можност да бидете во тек со сите спомнувања на вашиот бренд низ социјалните медиуми и да реагирате секој пат кога ќе почувствувате потреба од тоа.

2

Sendible ги агрегира постовите и коментарите од сите социјални медиуми кои ги користите и потоа ги анализира и селектира според приоритет, односно ги означува оние коментари на кои треба итно да одговорите.

Она што му дава предност во однос на останатите платформи за менаџирање на социјални медиуми, е опцијата да креирате презентации од извештаите кои генерираат детални анализи за претходните активности.

3

Преку мерење на ефективноста на секоја содржина која ја споделувате, ќе имате прегледност точно кои објави и статуси покренале интеракција на социјалните медиуми кои ги менаџирате.

4

Бидете во тек со сѐ она што се пишува за вашиот бренд на социјалните медиуми и одговарајте навремено и соодветно.

Доколу менаџирате неколку профили на различни социјални медиуми за различни брендови, тогаш ова е вистинската алатка која ви е потребна!

 

Среќно,

Brainster заедницата

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.