„Маркетиг алатка“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Управување со социјалните медиуми стана секојдневна работа за повеќето од нас, особено сега, со толку многу нови социјални платформи на пазарот и желба да се биде присутен насекаде. Доколку сте во макетинг секторот станува уште потешко, бидејќи веројатно работите од 9 до 5 а понекогаш треба да постирате одредена содржина доцна навечер или за време на викендите. Токму во ваквите моменти ви треба алатка која ќе се погрижи сите ваши содржии да бидат навреме објавени на повеќе социјални мрежи.
Hootsuite е токму тоа – најдобрата алатка за менаџирање на вашите профили на социјалните медиуми. Оваа алатка ви овозможува да ги менаџирате сите ваши профили од едно место, да закажувате постови однапред, да комуницирате со вашите конекции и да мерите статистики и сето тоа на едно место.
Популарни курсеви:
„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Hootsuite ви овозможува да се врзете со преку 35 социјални медиуми меќу кои Facebook, Twitter, LinkedIn, Instagram, Google +, YouTube и FourSqare. Исто така ви нуди и неверојатна можност да се врзете со вашиот тим и да работите заедно на едно место. Hootsuite се грижи и да ви обезбеди детална анализа на тоа колку добро вашите содржини се покажале и кај која публика.
Единствено што вие треба да направите е да се регистрирате. За почеток можете да пробате со стандардната верзија која ќе ви дозволи да менаџирате до максимум 3 социјални профили и ќе ви обезбеди најсновни анализи, но верувам дека многу бргу ќе почувствувате потреба од надградба во Pro верзијата која за само 9.99$ месечно ќе ви овозможи понапредни анализи, до 100 социјални профили и 10 членови. Доколу пак работите за голема корпорација и Pro верзијата не е доволна секогаш, можете да побарате надградба во Enterprise каде имате пристап до многу напредни анализи и извештаи и неограничен број на тимови и ченови, како и неограничен број на социјални профили. Цената за оваа опција ќе биде креирана според вашите потреби.
Што мислите, би ја пробале оваа алатка?
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата