Претходно економист вработен во банка, Мартин беше еден од најдобрите учесници на минатата Академија за Front end програмирање.
„Решив да се преквалификувам и затоа избрав да започнам на Академијата. Посветено ја следев целата програма, учев, ги завршував задачите и ја исполнив својата цел да станам Front-end Developer ?.“
Кој е Мартин и како дојде до започнување на твоите студии на Академијата за Front-end програмирање?
Здраво, јас сум Мартин Поповски, дипломиран економист . Успешно ја завршив Академијата за front-end програмирање и си ја исполнив целта да ја сменам професијата, и еве во моментов работам во Emit Knowledge како Front-end Developer.
Во слободно време сакам да изгледам некој добар филм или спортски натпревар, а фитнесот ми е хоби и ми помага да се релаксирам после напорниот ден. За Brainster дознав преку социјалните медиуми. Ми се допадна целата програма, од начинот на предавање, до идејата за изработка на реални проекти кои се корисни за заедницата. Потоа разговарав и со пријатели кои ми ја препорачаа Академијата и одлучив да започнам со моите студии.
Беше дел од финансискиот сектор пред да се приклучиш на тимот на Emit Knowledge. Како се случи промената?
Првиот пат кога се запознав со изработка на Веб страна беше за WordPress проект кој го работев во слободно време. Со тек на време целиот процес ми стана многу интересен и почнав сé повеќе и повеќе да учам и да истражувам. Кога конечно сфатив дека дека оваа област повеќе ме исполнува одлучив да направам промена. Решив да се преквалификувам и затоа избрав да започнам на Академијата. Посветено ја следев целата програма, учев, ги завршував задачите и ја исполнив својата цел да станам Front end Developer ?.
Како се одвива еден твој работен ден како Front-end Developer?
Работниот ден го поминувам во пријатна атмосфера заедно со колегите со кои работиме на софтверски решенија кои се изработени со најнови технологии со цел да ги задоволиме барањата на клиентите.
Кој проект би го издвоил како омилен и на што би сакал да работиш во иднина?
Секој проект во којшто сум вложил време и труд ми е омилен, не би можел да издвојам некој посебно во моментов ?. Во иднина би сакал да работам на интересни проекти според најновите трендови и барања на пазарот, но и на софтверски продукти кои би биле од корист за целата заедница.
Уписите за наредната Aкадемија се во тек. Погледни ја програмата овде.