Изработката на лого може да биде многу едноставна, ако знаете што правите. Во продолжение четирите основни чекори во процесот на изработка на лого.

1.  Истражување – Контент 

Developing-an-Effective-Logo-Design-Brief

Пред да почнете било каква креативна работа мора да ја знаете приказната на компанијата, за што таа се залага, кои се незините аспирации и каква вредност им нуди на своите клиенти. Лого всушност претставува приказна за компанијата преточена во еден единствен симбол кој ќе биде препознатлив за таа компанија и ќе стане синоним за некаква вредност. Сетете се какви чувства ви надоаѓаат кога ќе видите лого на најпознатите брендови? Со што ги поистоветувате овие симболи?Untitled-2

2.  Истражување – Стил

logo-ideas2

Освен приказната на компанијата, логото треба да го пренесува и стилот на компанијата. Секој различен облик има своја карактеристика и пренесува различно значење. На пример логоа составени од кругови пренесуваат порака на достапност и приспособливост, триеголници претставуваат иновација и различност, квадрати преставуваат стратегиски и плански пристап кон работите, итн…

3.  Скица

step2_sketching

Колку и да владееме некоја програма, факт е дека најслободни сме со парче хартија и молив во раката. Немора да значи дека треба да сте неверојатен цртач, се работи за скица која најчесто нема да ја види никој друг освен вие. Пуштете го умот и раката да се движат слободно и пренесете ја својата замисла на хартија. Ќе видите колку и вашата првична идеја ќе еволуира пред вашите очи. Дополнителна предност на скицата е тоа што веднаш ќе можете да видите како тоа лого би изгледало еднобојно (добро познат факт е дека вашето лого мора пред се да изгледа добро во црно-бела варијанта, па после може да се додадат бои, сенки и слично).

logo_design_process_Sketch

Во последно време во тренд е лого изработено според Златниот пресек или Пропорции на Фибоначи (1.618) . Тоа е секогаш лого кое изгледа допадливо на окото и сите големи брендови се обидуваат да се прилагодат на ова правило. Откако ќе одлучите како ќе изгледа вашето лого обидете се да го изградите само од кругови и прави линии со соодветни големини.

Златниот пресек: fibonaccispiral

d7679e4e3cceb35de57f234fa4b3c2a9

golden-ratio-logos

9eee47f88057cdd737bb3759f8e40ed6

4ea226082999ae4ca929934c9057d729

4.  Изработка

illus

Доколку имате и мала допирна точка со креативните индустрии или вашата компанја некогаш учествувала на некој настан или сте принтале флаери, постери, бизнис картички, знаете дека за една компанија неизбешно е да имате векторска верзија од вашето лого, НЕ .jpg или .png, туку .ai или .pdf! Програмата во која моментално сите компании ги изработуваат своите логоа е Adobe Illustrator. Доколку ги поминете предходните чекори и знаете да работите во Adobe Illustrator ќе ви биде навистина лесно да го изработите вашето лого.

Дизајн-13

Related Stories For You