„Маркетиг алатка“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Сите знаеме дека креирањето на одлични визуелни постови (слики и сл) за социјалните медиуми се клучни за креирање на followers и engagement. Некои податоци и истражувања говорат дека содржините со релевантни фотографии креираат за 94% повеќе посетеност од останатите.

Затоа не треба да биде несватливо и чудно што често сретнувале одлични фотографии со афоризми кои луѓето ги споделуваат низ социјалните медиуми. Но тука е лоциран и проблемот кај повеќето кои крераме содржина – креирањето на интересни визуелни содржини ни е последно на листа. Немојте да не сватите погрешно – не е дека не сакаме. Едноставно, немаме доволно познавање од алатки за едитирање на фотографии и визуелни ефекти како Photoshop, па можеби и затоа не посветуваме толку време на тоа.

Но од тимот позади Buffer, алатката за која пишувавме пред извесен период, ни доаѓа решение за нашите проблеми.

Запознајте го Pablo

Како што напоменавме, Пабло е решението кое ни е понудено од страна на креаторите на Buffer. Пабло ви овозможува да поставите било каков текст над слика. Искористувајќи ја соработката со порталот за високо квалитетни бесплатни слики, Unsplash, Pablo ви овозможува да одберете било која од понудените слики, или да прикачите сопствена, да одберете еден од посакуваните ефекти и да поставите било каков текст врз неа.

pablo print screen 1


Популарни курсеви:

„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”

„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“

„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“


Воопшто не треба да се грижите за препорачаните формати кои “кружат” низ социјалните мрежи. Pablo се погрижи и за тоа. Во зависност од намената на визуелната содржина која ја креирате, Pablo ви овозможува да си одберете еден од трите понудени формати кој најмногу соодвестува на таргетираниот социјален медиум.
pablo print screen 2 - forms

Штом ќе бидете задоволни со финалниот производ, Pablo ви овозможува да ги споделите на вашиот Facebook, Twitter или Pinterest профил, или пак да ја прикачите на Buffer и да оставите оваа апликација да си ја заврши својата работа!
Pablo, претставува одлична апликација за брзи и интересни визуелни постови за вашите социјални профили. Со мало користење, сигурни сме дека ќе можете да постигнете одлични резултати за нешто помалку од 30 секунди!

Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука

Со среќа,
Brainster заедницата