Како најлесно до средени финансии – стартап алатка #14

„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Во денешно време се повеќе и повеќе работни активности кај бизнисите се автоматизираат, а сметководствените и финансиските активности не се исклучок од ова. Светот се менува благодарение на Software-as-a-service (уште попознато како SaaS) услугите а со тоа се менува и начинот на кој бизнисите од сите големини ги менаџираат своите активности како и финансиите. И постои причина за сево ова…
Бизнисите во денешно време се повеќе и повеќе се посветувааат исклучиво на оние активности кои ги сметаат за нивно јадро или компетитивна предност, а за се останато се ангажираат други компании (outsourcing). Со други зборови, бизниси гледаат како да постигнат поголема оптимизација на ресурси за максимални перформанси т.е. резултати.
Ова е особено важно за малите бизниси кои неможат да си дозволат да се „расфрлаат“ со ограничените ресурси кои им се на располагање. Сопствениците на малите бизниси едноставно мораат оптимално да ги распределат ресурсите од една страна, но од друга страна, потребно е и да знаат како нивниот бизнис функционира од финансиски аспект. Еден од таквите SaaS сервиси кои може да им помогне на малите бизниси полесно да го менаџираат сопствениот бизнис од аспект на финансии, е Wave.

wave-app-photo-0

Wave претставува бесплатен SaaS сметководствен софтвер за мали бизниси. Основната идеја позади Wave е дека менаџирањето на финансиите не треба да биде толку комплицирано активност која и воедно е неразбирлива благодарение на „напредните“ десктоп сметководствени софтвери.

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=S6z7EXeUxJE


Популарни курсеви:

„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”

„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“

„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“


Креирањето на овој сет од алатки доаѓа како резултат на проблемите кои еден од ко-основачите, Kirk Simspon, ги имал додека пробувал да ги менаџира сопствените бизнис финансии. Згрозен од неможноста да се снајде користејки различни софтвери, заедно со James Lochrie, го создале Wave со цел да се поедностави процесот на административни финансиски активности кои сите мали бизниси ги презираат.
Во рамките на ова cloud решение се вклучени неколку работи: Фактурирање, Сметководство, Плати и Плаќања. Интерфејсот е навистина интересен, едноставен и разбирлив дури и за луѓе кои немаат никакво финансиско искуство.

wave-app-payments-1

Таргетиран пазар им се бизнисите во кои се вработени не повеќе од 9 лица. Па така, покрај стандардните бизниси, Wave претставува интересна алатка за користење и за фрилансери, лица вработени на договори на дела, претприемачи.

До денес, компанијата има преку 1,5 милион регистрирани корисници, мониторинг на над 60+ милијарди американски $ (во приходи и трошоци) и вкупна инвестиција од 34,5 милиони американски $. Дали напоменавме дека алатката е бесплатна?! Но тоа и воопшто не треба да не изненадува… Компанијата е сеуште во фаза на експанзија и заземање на што е можно поголем удел. Тоа што е бесплатна не значи дека не постои можност за монетизација на потенцијалот кој го има. Со се поголем сет на податоци за горенаведените категории на корисници, Wave би можеле да бидат во можност да забележат трендови во овој сектор и секако да профитираат.

Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука

Среќно,
Brainster заедницата

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА