20 креативни начини како да ги наградите Вашите вработени

Во претходниот текст 70.ооо долари за секој вработен веќе зборувавме за важноста на признанието и наградувањето на вашите вработени. Објаснивме дека пофалбата и признанието се од суштинско значење за одлично работно место и средина. Луѓето сакаат да бидат почитувани и вреднувани за нивниот придонес. Секој чувствува потреба да биде признает како поединец или како член на група и да го има тоа чувство на достигнување за добро направената работа или пак за храбрите подвизи за целите на компанијата.

Надредените треба да сфатат дека нивните вработени сакаат да знаат дали се добри, просечни или лоши. Меѓутоа, дури и пофалбата и признанието имаат ограничено влијание. Во одреден момент, надредените ќе треба и да ги наградат супериорните резултати. Подолу ви нудиме 20 креативни начини како да ги наградите Вашите вработени.

1. Флексибилни работни часови

Дозволете им на членовите на вашиот тим да одлучат кога сакаат тие да работат. Флексибилноста може да биде повредна од парите. Вработените можат подобро да си го организираат денот, кога самите ќе си го креираат распоредот на активности.

2. Day off

Дополнителен слободен ден од работа секогаш помага, а ќе биде уште подобро доколку им дозволите самите да си го одберат денот.

3. Сменете ги позициите

Како награда трампајте ги позициите со вработениот којшто сакате да го наградите, барем на еден ден. Тој/таа ќе треба да си ја заврши работата се разбира, меѓутоа во удобноста на вашата канцеларија, додека пак вие ќе го поминете денот во океанот.

office

4. Аплауз

Соберете ги вашите вработени во една канцеларија и поканете го вработениот на којшто сакате да му одадете признаение за добро завршената работа. Пречекајте го со голем аплауз и овации. Сигурно ќе биде пријатно изненаден.

5. Е-маил до сите

Испратете маил до целата компанија/сектор објаснувајќи колку сте импресионирани од вработениот/тимот за постигнатите резултати.

6. Зид на славните

Креирајте зид на славните каде што ќе ги прикачувате сликите од вработените на кои сте им оддале признание. Би било убаво, доколку под секоја слика напишете накратко што секој од вработените направил.

7. Име на соба

Именувајте канцеларија, сала за состаноци, или било која просторија во вашата компанија по името на вработениот.

8. Миленичиња на работа

Организирајте ден кога вработените ќе можат да ги донесат своите домашни миленичиња на работа.

dog

9. Ослободување

Дозволете им на вашите вработени да се “ослободат” еден проект или активност којашто најмалку им се допаѓа, и наместо нив, преземете ја Вие.

10. Кажете благодарам

Едноставно кажете го зборот “благодарам”. Заблагодарете им се на вашите вработени за тоа што го прават.

11. Оставете белешка

Истото можете да го направите и со оставање на белешка на нивниот монитор, заблагодарувајќи им се за нешто. Едноставно, но ефективно.

12. Личен асистент

Ангажирајте привремен личен асистент за еден ден, недела или месец, кој ќе биде задолжен да му помага во дневните активности на вработениот, којшто сакате да го наградите.

13. Прослава на родендени

Организирајте забави за родендените на вашите вработени. Украсувањето на канцеларијата ќе допринесе за повесела атмосфера. И секако не заборавајте да нарачате торта.

cake

14. Ден на иновации

Секоја недела, половина од работниот ден резервирајте го за вработените да можат да работат на лични проекти, или да волонтираат во организации по нивен избор.

15. Ден за семејството

Издвојте едно попладне месечно кога вработените ќе можат да го донесат своето семејство или пријатели на работа. Целиот настан зачинете го со некои забавни активности во кои ќе можат да учествуваат сите. Дополнително можете да направите тури за посетителите да добијат слика како и што се работи во компанијата.

16. Покажете почит во се што правите и кажувате

Сета ваша напорна работа и вреднување на работникот може да биде уништена во еден момент доколку се развикате, или покажете непочитување особено во јавност. Тие нема да се сеќаваат на 100 пати кога сте (по)кажале дека ги цените. Напротив, ќе го паметат тој момент кога не сте го сториле тоа. Затоа гризнете го јазикот, насмевнете се и секогаш покажувајте почит без оглед на вашите лични чувства.

17. Тимски активности

Поделете се во тимови и натпреварувајте се во куглање, пинг понг или активност по ваш избор. Целта е да се зајакнат односите и продлабочи меѓупочитта.

Startup Stock Photos

18. Знаете ги имињата на вашите вработени

Кажете: “Ти благодарам, Марко”, не само “благодарам”. Луѓето сакаат да ги слушаат нивните имиња, затоа користете ги често во секојдневната комуникација со вработените, особено кога ги признавате нивните напори и достигнувања.

19. Трофеј

Купете еден трофеј и секоја недела доделувајте го на вработениот чијшто труд сакате да го признаете. На крајот на истата недела, вработениот ќе треба да го врати трофејот, но да додаде една работа на него (писмо, порака или било што по негова желба). Следната недела трофејот ќе го доделите на следниот “победник”. На крајот на годината, пред целата фирма, ќе ја извадите сета содржина. Читајќи ги писмата и пораките и останатите работи, верувајте дека добро ќе се насмеете и присетите на многу интересни спомени. Потоа пензионирајте го трофејот и поставете го во приемната област во фирмата. Ова може да го правите секоја година.

20. Обуки и тренинг

Пратете ги вашите вработени на тренинг, обуки и доусовршување- обуките за тренинг на вештини за личен или професионален развој денес ги има во изобилие. Дозволете им вработените да се усовршуваат во професијата во која работат или да научат нешто ново што ќе ја разбуди нивната креативност. Тоа сигурно ќе придонесе за зголемување на личниот кредибилитет и мотивацијата. Деловните контакти што можат да произлезат од вмрежувањата се уште еден бонус.

Related Stories For You