„Маркетиг алатка“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Колку често ви се случило да потрошите време на некој e-commerce сајт, одбирајќи производи и во моментот кога ќе стигнете да го извршите плаќањето, да се исклучите од сајтот? Искрено, мене ми се има случено ова неколку пати. По некој од тие случаи ми се има случено да добијам email за мојата нереализирана кошничка, по која сум се прашувал дали тоа мое “потрошено” време на нечиј e-commerce сајт му дава лажна надеж на некој сопственик дека ќе дојде до реализација на продажбата.
Реалноста е дека, овој mail е автоматизиран одговор и дека e-commerce бизнисот нема реални податоци за тоа какво е однесувањето на потенцијалните клиенти на нивниот сајт. Веројатноста дека ваков mail ќе се добие, доколку од компанијата имале интегрирано решение кое вклучувало спојување на податоците од Google Analytics за моето однесување на сајтот и податоците од POS системот за мојот историјат на купувања, би била многу помала.
Но наскоро, e-commerce сајтовите ќе бидат во можност да знаат, на едно место во реално време, што точно нивните клиенти прават. Стартапот од Велика Британија, Crowdstream, кој е основан оваа година, претставува клиентски-фокусирана платформа која има за цел да ги поврзе точките помеѓу клиентите и продажбата, инкорпорирајќи аналитика и бизнис алатки кои имаат за цел да ја зголемат рентабилноста на инвестициите (ROI).
Со други зборови, Crowdstream ви дозволува да дознаете кои се вашите клиенти, од каде се и како ја користат вашата онлајн продавница.
Популарни курсеви:
„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Карактеристики
Traffic Source: Дознајте од каде доаѓаат вашите клиенти и нивните продажби – дали доаѓаат од органски пребарувања, pay-per-click, социјални медиуми, affiliated marketing или сл. Дознајте кои маркетинг канали ви даваат позитивен поврат на средства, а со кои залудно ги трошите вашите ресурси.
Platform Data: Crowdstream автоматски го детектира интернет прелистувачот, платформата, локацијата, јазикот и уредот од кој се пристапува на секој корисник.
Customer Profiles: Едноставен преглед кој ви ги дава сите податоци поврзани со еден клиент како и неговата итнеракција со вашиот сајт, прелистани продукти, неговите купувања и настани.
Reporting: Дали сакате да знаете од каде доаѓаат вашите клиенти, што купиле и колку често доаѓаат назад на вашиот сајт? Crowdstream ќе ви дозволи да извршите сегментација, пребарување и анализирање на настани (events).
Activity: За секој клиент кој ќе ја посети вашата веб страна, ќе можете да го видите секое негово логирање, клик, продажба и преглед на страна – во реално време. Искористете ги овие информации за да ги таргетирате најдобрите клиенти.
Funnel: Гледајте на вашите клиенти сегментирајќи ги по одредени случени или неслучени настани (events) и откријте каде и зошто продажбите не се реализирани.
Ова е само дел од погодностите кои Crowdstream ги нуди.
Кој е крајниот резултат?
Можноста за фокусирање на клиентите секогаш резултира со рентабилност. Доколку сајтовите кои ми имаа пратено mail го детектираа моето однесување на нивните сајтови, тогаш тие ќе беа во можност да ми пратат купон на кој ќе беа наведени работите што останаа во мојата потрошувачка кошничка и ми одобреа некој попуст со цел да го стимулираат целокупниот процес на продажба. Можеби ќе ги купев тие работи.
Конечно, знаењето дефинитивно е моќ…но и пари!
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Со среќа,
brainster заедницата