Brainster е стартап кој започна да се развива на почетокот на оваа година а со работа започна на 16-ти Октомври, 2015.
Нашата визија е да го претвориме градот во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент. Brainster има за цел да му овозможи а) на секој професионалец да го пренесе своето знаење на заедницата и б) на секој индувидуалец да ги збогати своите практични знаења.
На платформата, за почеток ќе има курсеви од инструктори од следниве области: технологија, маркетинг, бизнис, дизајн и уметност, а првите курсеви може да се очекуваат веќе од утре.
Постојано се зборува дека на формалното образование му се потребни сериозни промени, но за нас поважно е секој човек да сфати дека нашето знаење зависи од нас самите и дека никогаш не треба да престанеме да учиме.
Како што Airbnb го промени начинот на кој ги планираме патувањата, така Brainster ќе го промени начинот на кој учиме. Секој ќе може да научи како да ја изработи својата прва IOS мобилна апликација од локални експерти кои веќе ги продаваат своите апликации глобално, да научи како да започне сопствен бизнис од претприемачи кои во своето портфолио имаат неколку успешни бизниси или да ги научи тајните на уличната фотографија од експерти кои работат за познати светски медиуми.
Скопје е нашата прва станица, а курсевите ќе се одржуваат на различни локации како co-working простории, акселератори, инкубатори, работилници па дури и во кафулиња.
Нашиот тим нема да застане тука, па веќе во 2016-тата имаме во план да ја прошириме Brainster заедницата со оние кои сакаат да го споделат своето знаење и да се стекнат со нови вештини во Атина, Софија и Берлин.
Brainster тимот