Запознајте го првиот модуларен паметен часовник: BLOCKS – Производ на денот #14

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.

BLOCKS е првиот модуларен паметен часовник во светот. Неговиот watchface или Core како што го нарекуваме, е целосно функционален сам по себе, и ги има сите карактеристики што би ги очекувале од еден паметен часовник. Но, тоа е само еден дел зошто BLOCKS e најдобриот паметен часовник . Тој е направен од неколку линкови, или модули, од кои секој има свои функции. Можете да изберете модули според вашите потреби и да ги поврзете за да креирате кустомизиран smartwatch уникатен за вас.


Популарни курсеви:

„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”

„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“

„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“


Од паметни телефони до wearables, денешните технологии се направени за да им одговараат на сите. Ние не сакаме да правиме компромис. Не веруваме дека производот може да им одговара на сите корисници. Веруваме дека е време паметните часовници да ја одразуваат нашата индивидуалност. BLOCKS ви дава моќ да си креирате еден паметен часовник кој одговара на вашиот животен стил, со карактеристики кои се прилагодени на вашите потреби. Само изберете ги модулите кои ги сакате и поврзете ги во неколку секунди.

pressimages-7

За разлика од други smartwatches, BLOCKS е креиран да и пркоси на технологијата која доаѓа. Принудени сме секоја година да го менуваме паметниот телефон за да добиеме подобрувања кои доаѓаат со новата генерација. Овие кратки циклуси на траење на производите станаа една од главните критики на паметните часовници, бидејќи часовниците се планирани да потраат. Многу е едноставно: Зошто да се купи сосема нов паметен часовник кога едноставно може да додадете нова функција? Како што технологијата се развива, така и BLOCKS ќе се развива. Нови модули ќе бидат пуштани во континуитет, и со сигурност ќе може да ја имате најновата технологија штом таа ќе стане достапна.

https://www.youtube.com/watch?v=BT98FChvoFU

Како отворена платформа, BLOCKS овозможува секоја компанија или поединец да може да развие модули. Може да има модули за игри, спорт, здравство, работното место, па дури и експериментални како оние за академски истражувања. Сето ова значи дури и поголем избор за вас. Дочекајте ја иднината спремни и нарачајте си го овој револуционерен паметен часовник преку Kickstarter по цена од 310$ (со вклучена испорака) и очекувајте го во Мај 2016.

pressimages-9

Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука

Среќно,
Brainster заедницата

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.