„Маркетиг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
На неколку наврати потенциравме зошто е важно да изградите одличен content маркетинг, како и за неколкуте чекори за тоа како да го направите. За мене лично, визуелниот дел од целокупниот content маркетинг е нешто кое ми има оставено особен впечаток, особено делот со креирањето на интересни и предизвикувачки слики, графици и сл.
Но да бидеме реални… многумина од нас немаат искуство со Photoshop или пак посетено курс за обработка на слики, а сепак поради секојдневниот динамичен начин на функционирање и големиот број на обврски, сме приморани да бидеме „зафатени и во брзање“ а сепак исполнителни.
Популарни курсеви:
„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Canva преставува бесплатна алатка која ќе ви овозможи креирање на убави постери, покани, визит карти па дури и графици за сајтови и презентации. При правањето на Canva, основачите ги имале на ум маркетинг тимовите кои биле континуирано зафатени. Тргнувајќи од тоа, интерфејсот на Canva е направен да биде едноставен и многу добро структуиран. Па така, од левата страна ви се наоѓаат галерии со слики, лејаути и позадини. Некои од нив се бесплатни, а за некои ќе морате да платите по 1$. Дополнително, можете да си прикачите и ваша фотографија, и штом завршите со тој процес ќе може да продолжите кон поставување на текст, како и поставување на различни форми врз сликата кои ќе можете и да ги едитирате.
Лично сметам дека една од најголемите придобивки при користење на оваа алатка се секако предефинираните форми за употреба низ социјалните медиуми. Замислете си да треба да ги помните сите форми и димензии за социјалните медиуми? Колку хаотично би изгледало сето тоа. Но со Canva, тој проблем не постои. Од предефинираните форми си ја одбирате онаа за која реално имате потреба, се повикува соодветниот шаблон, го едитирате по ваша желба со слика, текст, ефекти и сл, за да на крај ја симнете вашата креација на вашиот компјутер. Иако, Canva има навистина одлични функционалности, сепак на неа не треба да се гледа како алтернатива на Photoshop и останатите професионални алатки за едитирање на фотографии.
Она што ја краси оваа алатка се брзината и леснотијата со која ќе можете лесно да ја завршите вашата активност. Canva се базира исклучиво на интуитивни контроли како “drag & drop”, како и лесно додавање, бришење или едитирање на одредени елементи. Друго нешто кое е исто така мошне интересно и вредно за споменување е и Design School, коешто нуди одлична можност за туториали и вежби преку кои полесно ќе ја совладате употребата на оваа алатка.
Морам да кажам дека за мене, оваа алатка навистина ми го олесни функционирањето – особено ако имате во предвид дека немам IT или дизајнерска позадина. Ми овозможи да си го оптимизирам користењето на единствениот ресурс кој нема никогаш да можам да си го повратам – моето време!
Дали би ја користеле оваа алатка?
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата