Кога се споредуваат WordPress и Blogger за деловни веб-страници, тогаш WordPress е најдоброто долгорочно решение за секој сериозен сопственик на бизнис. Пред почетокот на новиот курс за WordPress, издвоивме и неколку причини зошто!
1. Контролирање
Blogger има многу ограничени алатки што ќе ти овозможат само одредени опции на својата веб-страница. Работите што ќе можеш да ги правиш на блогот се лимитирани и не можеш да направиш ништо во врска со тоа.
WordPress е софтвер со отворен код, па лесно ќе можеш да го прошириш за да додадете нови функции. Постојат илјадници додатоци кои ти дозволуваат да ги модифицираш и прошириш стандардните функции.
2. Изглед
Blogger обезбедува ограничен сет на шаблони за употреба. Можете да ги менувате боите и изгледот на овие шаблони со помош на вградените алатки, но не можете да креирате свој распоред или да направите модификации. Постојат некои неофицијални шаблони на Blogger, но обично се со многу низок квалитет.
Има илјадници бесплатни и премиум теми на WordPress за креирање професионални веб-страници. Независно од тоа каков е твојот сајт, може да најдеш многу теми со висок квалитет кои лесно се модифицираат и прилагодуваат.
3 Сопственост
Blogger е сопственост на Google. Бесплатно е и лесно за употреба – се’ што ти треба за да пишуваш блогови. Сепак, не е твоја сопственост. Google одлучува до кога ќе постои. Има право да го затвори, или да го исклучи твојот пристап во секое време.
Со WordPress користиш hosting provider и ти сам одлучуваш до кога ќе постои. Ги поседуваш и контролираш сите податоци. и одлучуваш што ќе споделиш, а што не.
4. Преносливост
Преместување на сајт од Blogger на друга платформа е комплицирана задача. Постои ризик дека ќе се изгуби оптимизацита и претплатниците. Исто така, дури и со експортирање на содржина, твоите податоци ќе останат на серверите на Google.
Со WordPress можеп да си го преместиш сајтот каде сакаш. Можеш да ја преместиш на нов хост, да го смениш името на домејнот, дури и да го преместиш сајтот во други системи за управување со содржини.
5. Сигурност
Со користење на Blogger имаш предност во поглед на стабилноста. Google е сигурна платформа, па ти не треба да се грижиш за управување со ресурсите на серверот, обезбедувањето на блогот, или создавање на резервни копии.
WordPress е сосема сигурен, но ти си одговорен за безбедноста и резервните копии. Постојат многу додатоци кои го олеснуваат управувањето, ама треба да знаеш да ги користиш.
6. Поддршка
Blogger има ограничена поддршка за корисници. Постои основна документација и кориснички форум.
WordPress има многу активен систем за поддршка на заедницата. Постои онлајн документација, форуми и IRC chatrooms каде што можеш да добиеш помош од искусни корисници и WordPress developers. Покрај поддршка на заедницата, постојат многу компании кои нудат премиум поддршка за WordPress.
7. Иднина
На Blogger не се направени големи updates веќе многу долго време. Google веќе исклучи некои од нивните популарни услуги како Google Reader и Google AdSense. Иднината на Blogger зависи од Google, што значи дека е многу неизвесна.
Иднината на WordPress не зависи од една компанија или поединец. Развиен е од страна на заедница на програмери и корисници. Како најпопуларен систем за управување со содржини, илјадници компании и бизниси од целиот свет зависат од тоа, па иднината на WordPress изгледа ветувачка.
Се надеваме дека оваа споредба ти помогна да ги разбереш предностите и недостатоците на WordPress и на Blogger и да ја направиш вистинската одлука за твојот бизнис.