Низ муабет го прашав Ѓорѓе Ѓорѓевиќ, студент од Brainster, какво искуство има со креирање на веб страни во WordPress. Поттикната од приказната, решив со вас да го споделам неговото искуство со оваа платформа, за да ве поттикнам сите вас кои сакате да научите вештина поврзана со дизајн на веб страници а не знаете од каде да започнете.
Па, ова е приказната на Ѓорѓе…
– Кога прв пат слушнав за WordPress пред некои осум години бев екстремно скептичен кон платформата. Навикнат на моментот „колку пари, толку музика“ и со големи трауми од бесплатните решенија (читај Linux и OpenOffice) веднаш го отфрлив како опција. Мојот неинформиран аргумент беше: „да вредеше нешто, ќе го користеа сите“. Дечкото кој ми објаснуваше сѐ околу предностите на платформата ме праша кои сајтови најчесто ги посетувам. Излезе дека сите всушност беа WordPress сајтови! Се сеќавам дека моментот кога го дознав тоа, беше за мене како кога Нео од Матрикс ќе дознае за реалноста, mind blowing ?
До крај од денот не само што бев целосно конвертиран во WordPress поддржувач, туку знаев како да направам цела страница, да ја средам како што сакам и истата да ја објавам без вечното натегање со луѓето од ИТ, без пишување било каков код. До крајот на неделата знаев како да инсталирам плагини, да ги проширам функционалностите на сајтот и да апдејтирам работи. Вишокот од времето кое ќе го трошев во објаснување со „дечките задолжени за сајтот“, сега го употребував за пишување содржини.
Ти се веруваше дека на крајот од денот, сето тоа што го направи и инсталира ќе биде функционално?
– Неверојатно е чувството кога прв пат сами ќе создадете еден сајт од нула. Кога сами ќе си регистрирате домен, кога ќе ја инсталирате сами WordPress темата и кога целосно ќе ја прилагодите на вашите потреби, кога ќе почнете да додавате ваша содржина. Во тој момент осеќате дека сѐ е возможно и дека ништо не може да ве сопре во реализирање на вашите идеи и соништа.
Тоа и била основната идеја на луѓето кои ја создале платформата, да го демократизираат вебот и да им овозможат на луѓето едноставна, интуитивна и моќна платформа за креирање и менаџирање на нивните содржини. Фактот дека за почеток на успешно користење на WordPress-от ви се потребни само неколку часа обука е нешто навистина револуционерно. А самата платформа, бидејќи е отворена, константно минува низ надградба и усовршување и со тоа станува се подобра и по ефикасна. Исто така е доволно универзална, така што навистина можете со неа да направите се што ќе посакате. Дали сакате да направите блог, информативен портал, агрегатор за вести, сајт за вашиот бизнис, интернет форум, лендинг страница за собирање лидови, креирање на онлајн продавница или сл., WordPress навистина нуди неограничени можности.
Она што многу од луѓето, вклучувајќи ме и мене, го забораваат е фактот дека WordPress исто така претставува одлична платформа за преквалификација и започнување на кариера во ИТ секторот за сите оние кои немале никаков претходен допир со истата. Веројатно го заборавам овој момент бидејќи целиот процес се случува брзо и спонтано така што го нема оној момент на „учење за нова професија“ и слично.
Доколку пишувате, правите одлични видеа, цртате или произведувате било каква содржина, тогаш во комбинација со платформата можете да создавате сопствен блог и да заработувате од истиот.
Каде се границите за WordPress, кога станува збор зa надградување, или пак, спојување со некоја друга бранша?
– Не познавам некого кој започнал со „чепкање“ околу WordPress а да не продолжил понатаму да се развива во некоја насока. Оние кои ги интересирале процесите во позадина, кои сакале да се потрудат околу дополнително прилагодување на сајтот и почнале да експериментираат со кодот, денеска се или front-end или back-end дивелопери.
Моите пријатели маркетери во WordPress-от пронајдоа одлична флексибилна платформа за креирање на блогови и лендинг страници што им овозможи брзо и ефикасно да ги постигнат резултатите кои ги посакуваат со целосна контрола врз процесот.
– Јас од друга страна никогаш немав големи афинитети околу кодот, но затоа сакав да додавам функционалности на самите сајтови преку плагини, да правам содржини кои имаат некаква вредност за публиката за која се наменети. Со WordPress конечно добив можност да правам работи кои ги сакам во момент кога имам инспирација без било какво чекање. И сето ова почна пред осум години со едно едноставно прашање -„Дали знам што е WordPress?“.
За ова прашање, како и за сите прашања поврзани со можностите што ги нуди оваа платформа, одговорите ќе ги добиете на курсот за WordPress во Brainster. И секако- не се плашете доколку немате никаква претстава како функционира, или пак, немате никакво предзнаење- почнуваме од почеток со крајна цел – да ја креирате вашата прва функционална WordPress страница.