Приказната на Христина Ефинска е уште еден доказ дека можеш да ја смениш кариерата доколку доволно се посветиш. Се запиша на Академијата за дигитален маркетинг за да си го исполни слободното време. Неколку месеци подоцна работи во Vrootok.
Уписите се во тек, види програма тука.
Којa е Тина?
Уф. Тина е менлива категорија. Еден ден се плаши од бубачки и ете ја наредниот ден кампува во природа. Неменливи се само желбата за самонадградување, љубовта кон природата и одбивноста кон миењето чинии.
Заврши на Академијата за дигитален маркетинг и се вработи како маркетер во Vrootok. Oпиши ни го ова искуство!
Па, првото нешто што го научив на Академијата беше дека “You don’t always get what you signed up for. Sometimes you get a lot more than that.” Ја започнав академијата со цел да си го исполнам слободното време и да си ги избистрам мислите од работата која ја работев, а не ме исполнуваше. Но, работите почнаа некако спонтано да се одвиваат во друга насока. Сфатив дека е време да мигрирам со кариерата на место каде што хобито и работните обврски би ми се поклопувале. Да ја скратам малку приказната, по неколку месеци, еве ме во Vrootok по препорака на Brainster.
Какви обврски имаш во текот на еден работен ден?
Искрено можам да се пофалам дека секој ден работните обврски ми се различни, иако текот по кој се одвиваат е ист. Доаѓаме на работа, одржуваме мини-состанок за дневните задачи, засукуваме ракави и се фаќаме за работа. Потоа следува уште еден краток состанок на кој се дискутира од каде ќе се нарачува за јадење и продолжуваме со работа. Најзадоволителниот дел од работниот ден ми е кога во тефтерот ќе го обележам проектот за завршен на 15 минути пред истекување на рокот 🙂
Кои од вештините што ги стекна на Академијата за дигитален маркетинг ги применуваш во работата?
Прво, тука би додала дека во работата ги применувам не само вештините кои ги научив туку и “пораките меѓу редови” кои беа пренесени од предавачите. Од сите Бреинстеровци кои ги запознав на предавањата научив по нешто. На пример, од Дарјан научив дека секогаш треба да “копаш подлабоко”. Од Љупка научив дека секоја информација е корисна, само треба да знаеш како да ја искористиш. Од Михаил научив дека дигиталниот маркетинг е железен ланец, треба да видиш која алка ти е најслаба и да ја зајакнеш.
Што мислиш, која е тајната на еден добар дигитален маркетер?
Тајна? Нема тајни, Google и Facebook знаат сѐ! 🙂 Пробувајте сѐ што е ново и не се плашете никогаш дека вашата реклама не звучи како останатите, тоа е и целта!