Денес ќе се запознаеме со Венчо Милошевски – графички дизајнер со неколкугодишно искуство во областа на креирањето графики, логоа и креативни решенија. Од неодамна е дел од тимот на инструктори во Brainster. Наскоро со него започнува курс за Illustrator, а исто така предава Illustrator и на Академијата за Дизајн кај нас.
Здраво Венчо и добредојде! За почеток, да се запознаеме и сподели со нас некои интересни нешта за тебе. Кој е Венчо приватно, кои хобија и интереси ти го пополнуваат времето освен дизајнирањето и како дојде до моментот да започнеш кариера како графички дизајнер?
Искрено, ме интересираат многу нешта и постојано излегува нешто што ќе ми влезе во фокус и ќе ме држи заинтересиран. Не би рекол дека имам некое постојано хоби, но можам да кажам дека голем дел од слободното време го посветувам во барање инспирација од сè она што ме опкружува. Најчесто читам книги или седам со друштвото во некое кафанче во секогаш инспиративното Дебар Маало. Почнав и со часови по пијано.
Ти си нашиот инструктор на курсот по Illustrator . Запознај не во неколку зборови со алатката и како таа ти помага во секојдневното работење.
За Illustrator слободно би рекол дека е една од најкористените и најомилените алатки кај дизајнерите. Причината е тоа што програмот нуди голема флексибилност и можност да се дојде до некое креативно решение. Алатката според мене може да се совлада прилично лесно, но е многу битно кандидатот кој ја учи да има некаква идеја и почетна насока од тоа како и што сака да постигне со истата во иднина.
На пример, за оние што сакаат да се фокусираат на илустрација би требало да посветат поголем дел од нивното време на алатките за цртање, и обратно, оние коишто сакаат да работат branding / packaging, треба да посветат повеќе време и работа на layout design, алатките за типографија, logo design, итн. Ние, во Brainster, секако ќе ги поминеме сите сегменти од програмот, така што кандидатите ќе имаат појасна идеја што се може да им овозможи Illustrator и како да им помогне да се одлучат кон што да се фоксусираат во иднина.
-дел од изработени дизајн решенија за клиенти-
Објасни ни го текот на еден твој проект, од идеја до реализација, од креативен brainstorming до финално решение. Не е лесно постојано да си под креативната лупа, па, кое е твоето катче од каде црпиш инспирација?
Процесот на работа се разликува од проект до проект. Една од најбитните работи во текот на проектот е комуникацијата и взаемното разбирање на тоа што бара клиентот: бизнис потребата, која е неговата идеја и замисла, и она што јас можам да ги советувам и да им го понудам како дизајн идеја и реализација. Мојот фокус е на бренд дизајн, на одреден сегмент / индустрија од пазарот (skincare, fashion, lifestyle).
Клиентите коишто ги добивам главно доаѓаат од слична позадина и затоа, за среќа, најчесто наидувам на позитивен фидбек кога на клиентот ќе му сугерирам како треба да пристапиме на различен начин во врска со неговата првична идеја. Од кога ќе го поминеме овој битен дел, целиот тек на проектот станува многу полесен и двете страни од прилика може да имаат некаква идеја за крајниот резултат. Инспирација, како што спомнав горе, ја црпам од нешта коишто ме исполнуваат и се најчесто поврзани со уметност, литература, архитектура, мода, итн.
Што би им порачал на сите оние кои би сакале да го посетат овој курс ?
Учесниците на курсот за Illustrator и сите оние кои сакаат да го посетат, можат да очекуваат дека ќе го научат и совладаат овој програм на многу интуитивен и ефикасен начин, со примери и интересни вежби и се надевам дека ќе си поминат супер на предавањата 🙂
Има уште неколку слободни места за курсот по Illustrator, резервирај си место ? тука