До Brainster,

Се додека си свесна за грешките, учиш од нив и немаш его во работата, ќе успееш!

Како личност која сака предизвици, сфатив дека мојата кариера во економијата како ревизор, станува еднолична и репетитивна, што значеше дека е време за нова промена. Промената не беше спонтана, со оглед на тоа што уште од мала си ги гаам интересите кон цртањето и сакам да ја развивам мојата креативност, Академијата за UX/UI дизајн, беше мојот повик.

Кога се одлучив да зачекорам кон оваа кариерна трансформација, бев свесна дека ќе треба да вложам многу труд, да се откажам од многу работи, вклучувајќи ги и излегувањата и голем дел од моето внимание да биде посветено кон Академијата. Секој ден одвојував по 8 часа, учев од разни ресурси почнувајќи од најпознати сајтови каде има блог постови, до youtube канали каде се задаваат задачи и се решаваат директно на видеото и многу други извори.

Моментот кога ќе сфатиш дека ништо не може да ти „падне од небо“ и дека секој труд на крајот се исплати, ако се бориш и си упорен во тоа што го сакаш. Благодарение на мојата упостност и желба да се остварам на ова поле, јас сум денес амбициозен UX/UI дизајнер во компанијата Intertec, посветенa на креирање иновативни и корисни дигитални искуства.

До следниот предизвик,

Лара


Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!


Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!

Лара Георгиевска, алумни студент од Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн, е една од нив. Таа споделува со Brainster заедницата за нејзиниот пат од напуштање на сигурна работа за нешто несигурно – од оперативен тим лидер, решава да го следи својот афинитет кон креативност и да се впушти во UX/UI дизајн светот.

Со вложување труд и напорно работење на Академијата, и секако, со посветување на поголем дел од слободното време на учење и постојано унапредување, работи како UX Designer, заедно со Јана, во Intertec!

За сите следни успешни кариерни трансформации! ✨

Како до 1.000.000€? 🤫