До Brainster,
Пред да започнете со кариерна трансформација, бидете отворени за учење и постојано ажурирање на вештините
Моето искуство со Brainster го означува патот на преземање ризици. Правејќи го преодот од сигурна работа кон Академија за UX/UI дизајн како нешто што е несигурно, ја покажува мојата амбициозност и духот желен за предизвици.
Бев во потрага по креативен израз и смисла во својата кариера. Ме мотивираше желбата за усовршување во UX/UI дизајнот и примената на своите идеи. Гледав потенцијал за раст во иновативниот пристап на Brainster и можностите за практично учење. Академијата значеше учење адаптирано кон реални проекти, што го прави тој процес значително поинтересен и корисен.
Во просек, посветував околу 20-25 часа неделно на учење, дополнително читање и вежбање. Работев на реални проекти, хакатони и измислени т.н. (ghost projects) како би пронаоѓала различни дизајн принципи, tips & tricks, како би стекнала повеќе искуство.
Денес, благодарение на Академијата на Brainster, мојата желба за кариерна промена, труд и креативен дух, работам како UX/UI дизајнер во компанијата Intertec.
До следниот реален проект,
Јана
Избери го #1 образованието што вработува. Аплицирај на Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн и биди и ти дел од тие 2136+ студенти!
Од постоењето на Brainster досега се вработени повеќе од 2136 студенти, и бројот се зголемува ден за ден! Повеќе од 2136 успешни приказни, повеќе од 2136 променети животи!
Јана Јовановска, алумни студент од Brainster+ Академијата за UX/UI дизајн, е еден од нив. Таа ја споделува до Brainster заедницата нејзината успешна кариерна трансформација – од оперативен тим лидер до UX/UI дизајнер во Intertec. Интересно е што заедно со Лара, двете алумни од истата академија, моментално работат во истата компанија!
Jана, и покрај решителноста да напушти сигурна работа за нешто несигурно, желбата за личен раст и напредок ја донесе кон замислената цел и ја оствари!
Прочитај ја следната успешна приказна, за Лара!