Запознај ја Тамара Ангелова – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за јули 2024.
Мојата позадина е…
Јас сум дипломиран Музичар теоретичар и педагог. Завршив средно музичко училиште и Факултет за музичка уметност на отсек Музичка теорија и педагогија, и свирам пијано веќе 17 години. Во последните неколку години работев во сектор логистика, моментално сум вработена во финансии во IT фирма како Credit Control Specialist.
Областа ја избрав затоа што…
Пред да се запишам на академијата за UX/UI дизајн бев во период каде што преиспитував какви вештини имам јас и што можам да понудам денес на пазарот на трудот, а бидејќи сум личност која што сака константно да чита и да се надоградува, решив да се запишам на академија и да ги збогатам моите вештини. По направено детално истражување, академијата за UX/UI дизајн ми изгледаше како перфектна комбинација на аналитички/технички дел и креативно творење, па беше „no brainer” за мене да се одлучам баш за оваа област.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Дека не постои 100% совршен дизајн. Без оглед на тоа колку добро изгледа дизајнот, вистинската вредност лежи во тоа како корисниците го доживуваат и користат истиот. Научив дека активно слушање на корисниците и адаптирање на дизајност според нивните потреби, во комбинација со бизнис моделот на клиентот, е клучот за успешен проект.
Најгорда сум на…
На работењето на редизајн на веб страницата на Националната Опера и Балет, на кое што заедно со Софија Каракабакова неуморно работевме и научивме премногу работи, па по завршувањето на проектот нашето креативно решение беше одбрано за победничко.
Мојот омилен модул е…
Два омилени модули и тоа се Design Tools и UI design, во кои што се запознавме со Figma и работевме на креирање на нашето портфолио, а паралелно и на реален проект. Модулот за UI design ми овозможи да ги искомбинирам креативноста и функционалноста, а проектите ги доживував како сложувалка во која може да експериментирам со бои и форми, за да создадам интуитивен и привлечен дизајн.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Иако сите инструктори позитивно влијаеа на мене, морам да ги издвојам Матилда Коп и Александар Нофитоски. За Матилда имам само прекрасни зборови за нејзиното трпение и умешност на предавање на материјалот, чии што предавања, совети и „tips and tricks” ми развија трајна љубов кон Figma. Александар е ментор со огромно знаење на кое што може да му се завиди, кој несебично споделува совети и идеи, ментор кој што ми ги има решено сите креативни проблеми во 30 секунди за кои што јас сум размислувала час и пол.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Со самото тоа што за време на академијата си го креиравме нашето лично портфолио и работевме на два реални проекти, сметам дека е многу голема отскочна даска за еден млад дизајнер кој што за неколку недели треба да излезе од клупите на академијата и да се пушти на пазарот на трудот. Исто така преку сите совети за како да се прикажеме пред клиентите, како да направиме добар “storytelling” и како да размислуваме за време на дизајнирање.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Иако можеби во многу моменти ќе се чувствуваат како да не се сигурни дали ја одбраа вистинската област за надградување или дали ќе бидат успешни во истата, би им препорачала да не се откажуваат и баш да им биде поттик дека се на вистински пат. Brainster е тука да помогне во секој чекор од студирањето и од лично искуство знам дека ќе излезат од академијата со големо знаење.