Запознај ја Емилија Јорданова – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за септември 2024.
Мојата позадина е…
На професионален план сум се реализирала на повеќе работни позиции, а најдолго се задржав во транспортната индустрија. Главно, фокусот беше донесување стратешки одлуки за решавање на проблеми и исполнување на бизнис цели. Сега е време тој пристап да го преточиме во креативна визија, со впечатливи бои, типографија и дизајн што ќе раскажува успешна приказна.
Областа ја избрав затоа што…
Едноставно – животот. Сакам да верувам дека кариерата во UX/UI е последниот дел од моето “икигаи”. Накратко, тоа е јапонски концепт за нашата цел и смисла на животот – да го пронајдеме она што ќе нѐ буди секое утро, што ќе нѐ движи секој ден и е причината за нашето постоење. UX/UI е кариера со која можам да се идентификувам, која ме исполнува и надевам дека ќе прерасне во мое “legacy”.
Највредната лекција која ја научив досега на академијата е…
Неверојатниот спој на дизајнот и човечката психологија. Фактот дека сѐ околу нас во секојдневието е всушност форма на корисничко искуство. Начинот на кој комуницираме со предметите и околината, како ги доживуваме, чувствата кои се создаваат од тие интеракции, но и како тие ни ги исполнуваат потребите кои ги имаме.
Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра на Академијата за UX/UI дизајн!
Најгорда сум на…
Драго ми е што ова доаѓа веднаш по хакатонот од кој неодамна бев дел и со гордост можам да кажам дека мојот тим го креираше победничкото дизајн решение. Станува збор за дизајн на платформа за финансиска едукација на млади лица во нашата земја. Проектот промовира општествена одговорност и чест ми е што имавме можност со труд, работа и љубов да вратиме нешто вредно назад кон нашата заедница.
Мојот омилен модул е…
Ако навистина морам да изберам, нека биде тоа “Design Tools” модулот. Менторката Матилда Коп ги бележи нејзините почетоци токму од Brainster, точно знаеше кои се нашите „pain points”, каде има ризик да наидеме на потешкотии и ги сподели со нас најдобрите практики на работа. Нѐ наоружа со знаење и нѐ препушти на менторот Александар Нофитоски во одлична кондиција за реалните проекти и хакатоните кои следеа во наредниот период.
Инструкторот кој најпозитивно влијаеше на мене е…
Не би можела да издвојам еден, но сите нѐ научија на едно главно нешто – емпатија. Се поврзаа со нас, придонесоа на стартот од нашите кариери, нѐ научија како да ги идентификуваме потребите, проблемите и решенијата за нашите идни клиенти и корисници.
Академијата досега ми има помогнато во моите кариерни планови и цели така што…
Ова е професија за која ти треба ефективно менторство и лидерство за да ги совладаш фудаменталните принципи и техники на UX/UI дизајнот. Дополнително, особено на стартот на кариерата, ти требаат луѓе со кои ги делите истите аспирации и цели и со кои можеш да разменуваш знаење. На академијата го добив сето тоа.
Мојот совет до идните студенти на Brainster…
Поставете си јасна цел и држете се до неа. Навраќајте се секој ден, потсетете се зошто сте си ја поставиле. Учете, читајте, надоградувајте се, само така можеме да бидеме најдобрата верзија од себе. Искористете ги сите придобивки од овој тип на образование, бидете исполнителни, прашувајте многу прашања. И најважно, никогаш не се откажувајте.