Што можеш да постигнеш за 1 година, ако почнеш да учиш UX/UI Design денес?

Што можеш да постигнеш за 1 година, ако почнеш да учиш UX/UI Design денес?

 

Дизајнерите ја креираат реалноста околу нас. Од фенот за сушење на коса, разгледницата, логоата, веб страните и корисничкото искуство. Начинот на кој изгледаат и функционираат производите кои ги користиме, се работа на дизајнерот. Во економија која се дигитализира сè повеќе и повеќе, UX и UI дизајнерите се сè попотребни.

Совладувањето на вештините за UX и UI дизајн е процес за кој се потребни неколку години посветеност во областа. Ова е факт. Но, успешното завршување на еден UX/UI Design проект може да се изведе со 6-12 месеци напорна работа и посветеност – па дури и да донесе вработување како почетник.

Се прашуваш дали ќе можеш и ти? Во овој текст ќе се обидеме да ти доловиме што е возможно да сработиш за 1 година ако почнеш да учиш UX/UI Design во Brainster денес. Ова се неколку проекти изработени од студентите на Brainster Академијата за UX/UI Design.

 

 

Проект: Hiring платформа 

Платформата за ко-иновации и вработување на Brainster e еден од најновите продукти креиран целосно од нашите студенти. Оваа платформа е наменета за да го олесни процесот на ко-иновирање на идеи и вработување на талентирани студенти. Идејата позади платформата лежи во потребата од двонасочен пристап при обезбедување на еднакво задоволство и третман како на нашите студенти, така и на компаниите клиенти кои имаат потреба од иновативни решенија за проекти или пак отворени позиции за талентирани студенти. Оваа платформа е отворена за сите оние кои се заинтересирани за соработка при вработување или пак ко-иновација и е перфектен пример за што сѐ можат да направат талентите на Brainster. Прочитај повеќе. 

 

 

Проект: Мобилна апликација

Беше организиран првиот интернационален Хакатон на Академијата за UX/UI дизајн, која ги сплоти силите и вештините на студентите од Академијата за UX/UI дизајн во Македонија и Академијата за UX/UI дизајн во Виена. Овој Хакатон ги зближи креативните умови на студентите, за да им помогне да се справат со предизвикот даден од страна на нашиот co-innovation партнер – Traders Alloy. Станува збор за start-up кој е во почетна фаза и се занимава со финансии. Тие веќе имаат десктоп апликација, но сакаат да понудат и мобилна апликација на своите клиенти, а тука стапуваат на сцена нашите студенти. Прочитај повеќе. 

 

 

Градење на сопствено дизајнерско портфолио

Со цел да ја комплетираат програмата на оваа Академија, студентите имаат задача да креираат финални презентации за своите портфолија, да ги презентираат пред тим од ментори и да бидат оценети врз база на неколку критериуми. Портфолијата на студентите ги содржат сите реални проекти за реални клиенти коишто тие ги имаат работено индивидуално или тимски, под менторство на инструкторите за нашите co-innovation партнери. Преку сопственото портфолио, студентите имаат можност да се издвојат како дизајнери и да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување. Разгледајте ги портфолијата на АнастасијаПетарИваДамјан и Марија.

 

 

Проект: Маркетинг Мапа на Македонија

Овој продукт претставува Co-innovation проект, бесплатна алатка за користење која ги поврзува маркетинг професионалците кои бараат работа со маркетинг агенциите. Учесниците беа поделени во 4 тимови од по 4 членови кои започнаа со работа веднаш по зададениот бриф од Learning партнерот. Нивната задача беше во рок од 48 часа да го достават и презентираат финалното решение за Маркетинг Мапата. Прочитај повеќе.

 

 

Проект: Онлајн продавница за MyPrint

Предизвикот беше учесниците на Академијата индивидуално да дизајнираат онлајн продавница за нашиот learning партнер, дигиталната печатница MyPrint. Решенијата понудени на клиентот од страна на студентите содржеа детално истражување, заклучоци, wireframes и специфичен визуелен дизајн. Прочитај повеќе.

 

 

Проект: White Noise for Productivity Boost

Овој продукт е платформа на која корисниците ќе имаат можност бесплатно да се вклучат и да пуштат одредена мелодија додека работат. Целта на овој проект е да се зголеми продуктивноста и креативноста на луѓето коишто работат од дома поради настанатата ситуација со Ковид-19 пандемијата и да направи да не се чувствуваат осамено. Прочитај повеќе.

 

 

Проект: Онлајн продавница за Altius

Студентите беа поделени во 4 тима, а на секој од тимовите му беше доделен по еден ментор кој што им беше на располагање во секое време за совет, поддршка и помош. Иако беше доста напорно, неизвесно, исто така беше многу забавно. Учевме, работевме и се дружевме online на платформата Zoom. По 48 часовна работа, посветени ментори, тимска соработка и одлични студенти, беше избран победник. Прочитај повеќе.

 

Уписите на Академијата за UX/UI дизајн се во тек!

Аплицирај веднаш и резервирај го своето место на време!

Related Stories For You