Зошто на секој бизнис му треба UX/UI дизајнер?

Денес луѓето сè повеќе го прашуваат Google за нештата кои сакаат да ги дознаат, а сè помалку професионалците кои тоа го работат. Како резултат на ова, потребата бизнисите да се дигитализираат и да го зацврстат своето онлајн присуство е сè поголема. Нов момент кој го забрзува овој процес и оваа потреба е и COVID-19 кризата која почнува да диктира нови онлајн навики и процеси и општо начин на живот. Па така, сега за бизнисот да остане во игра и да е релевантен. клучни се фактори како соодветно онлајн присуство, значителен сообраќај на веб-страницата и постојано привлекување и задржување на клиентите. Огромен број од бизнисите не успеваат во тоа, а причината е лошиот UX/UI дизајн, односно несоодветното искуство на крајниот корисник кога влегува во интеракција со веб-страница, мобилна апликација итн.

Ако досега UX/UI дизајнот најмногу беше потребен во IT индустријата, отсега скоро сите индустрии почнуваат да ја согледаат реалната огромна потреба од добар UX/UI дизајн. Без разлика дали се работи за маркетинг агенција, retail компанија, угостителски сервис или можеби start-up, клучно е на клиентите да им се понуди добра веб-страница, мобилна апликација или онлајн продавница. 

Растот на бизнисот повеќе не е возможен без правилно поставен e-commerce модел. Универзалната цел за секој современ бизнис е да привлече корисници на својата веб-страница и да ги задржи што повеќе на истата. Колку подолго клиентот/ корисникот се задржува на страницата, толку повеќе е привлечен од услугата или продуктот што води кон зголемена шанса за продажба. Па така се поставува прашањето: „Како да ги натераш корисниците да се задржат на твојата веб-страница?”

Многу едноставно, преку добар UX/UI дизајн. Ако клиентот не е импресиониран од твојата веб-страница или е исфрустриран од дизајнот и тешко се снаоѓа, шансите се дека веднаш ќе си замине од истата. За да го потенцирам ова, според една студија  88% од корисниците не се враќаат на некоја страница ако имаат еднаш лошо искуство со неа. А стандардот за што е добар, а што лош UX/UI од пред некоја година постојано расте бидејќи корисниците посветуваат сè повеќе време на повеќе веб-страници и дигитални апликации со што нивните очекувања за квалитет се зголемени.

DIY веб-страниците и дигиталните апликации повеќе не се доволни и се далеку од WOW фактор. Без разлика на  добрата содржина на истите, 75% од кредибилитетот на веб-страницата се заснова на целосниот нејзин изглед. Кредибилетот е особено важен и од огромно значење за стекнување на доверба кај клиентите и крајните корисници. На крајот од денот, секогаш велиме дека првиот впечаток е најважен. После првото пребарување на твојот бизнис на пребарувачот на Google сигурно сакаш потенцијалниот клиент да има пријатно корисничко искуство на твојата веб-страница. Без тоа нема да имаш конверзии, а со тоа и твоите продажби сигурно нема да бидат возможни.

Клучни фактори зошто вклучувањето на UX/UI дизајнер ќе биде a-must во секој бизнис:

  1. UX/UI дизајнот заштедува пари
  2. UX дизајнот ја зголемува продажбата
  3. UX дизајнот ја зголемува корисничката лојалност
  4. UX дизајнот ја зголемува конкурентноста на бизнисот

Поради ова, ние ја согледавме потребата на пазарот од ваков тип на кадри, па нашата Академија за UX/UI во својата програма вклучува и работа на реални проекти за да креира професионалци кои ќе бидат подготвени да дадат максимален придонес за подобрување на дигиталното присуство на секој вид бизнис.

Затоа, ако размислуваш да започнеш кариера во UX/UI дизајн, погледни ја програмата на нашата Академија за UX/UI дизајн.

Уписите веќе на големо се започнати, почнуваме со предавања во јуни.

Related Stories For You