Што научивме од предавањето за UX/UI дизајн со Ѓорѓи Јаневски

Ѓорѓи Јаневски е дел од тимот на инструктори на Remote Академијата за UX/UI. Важи за искусен предавач со повеќе години работа како UX/UI дизајнер. Освен што бев пресреќна кога Ѓорѓи реши да се приклучи на Академијата, уште повоодушевена бев откако го слушнав неговото предавање на темата: „Што е UX, а што UI дизајн?“

Да не се расфрлам многу со епитети и суперлативи за тоа како помина овој вебинар. Најважно е дека ако размислуваш за кариера во UX/UI дизајн, тогаш ова предавање ќе ти биде исклучително интересно и корисно. 

Сакам да извадам неколку поенти кои ќе ти разјаснат многу дилеми околу UX/UI дизајнот:

  • Секогаш дизајнирај со срцето.
  • UX дизајнот не се грижи само нештата да изгледаат убаво, туку и да ги задоволи потребите на корисниците.
  • Треба да размислуваме да правиме големи дела.
  • Првиот чекор кон кон започнување на еден дизајн процес е забележувањето/приметувањето.
  • Нема разлика помеѓу дизајнирањето физички продукти и дигитални продукти. Само алатките се различни.
  • Ѓорги ги дефинира UX дизајнерите како: „Мостот помеѓу потребите на корисниците, влезот во девелопмент фаза и излез на начинот на кој корисниците сакаат нешто да користат.”
  • UX Дизајнот е процес кој најчесто е поделен во 4 етапи – истражување, планирање (визија како ќе се реши овој проблем), креирање wireframes и прототипи и на крај анализирање.
  • Корисничкото искуство е одговорност на целиот тим.
  • Најважниот дел од процесот на UX дизајн е истражувањето.
  • UI е визуелниот дел на она што се работи во UX-от како процес.
  •  Скалилото за премин од графички дизајн во UX дизајн е UI.
  • Добар UX дизајн креира добро за корисниците, но и за клиентите/компаниите.

Ѓорѓи Јаневски исто така и сподели неколку негови „insights” и препораки за сите UX/UI ентузијасти.

Блогови кои треба да ги следиш:

http://www.inspireux.com/

https://www.uxbooth.com/

https://uxmag.com/

https://www.invisionapp.com/inside-design

Видео кое треба да го гледаш:

Jesse Showalter Sketch Video

Instagram инспирација:

https://www.instagram.com/ajsmartdesign/

https://www.instagram.com/uxgoodies/

https://www.instagram.com/uxbites/ЃemUX: ШUад

https://www.instagram.com/anfisign/

Дел од алатките кои треба да ги знаеш за UX дизајн, а кои ќе ги учиш и на Академијата:

Figma, XD, Sketch

Ако размислуваш дека UX/UI дизајнот е вистинската професија за тебе, аплицирај тука. Откако ќе аплицираш, закажуваме интервју со тебе. По интервјуто селектираме кандидати. Селекцијата не зависи од искуството на кандидатот, туку од мотивацијата и желбата за учење и промена на кариера. Само одбраните кандидати ќе влезат на Академијата UX/UI дизајн во јуни. Бројката на студенти е ограничена.