Ивана Ангеловска е алумни од првата група на нашата Академија за UX/UI дизајн која покажа ентузијазам, иницијатива и ја искористи секоја можност да биде инволвирана и да учествува на проектите и Хакатоните кои беа во склоп на програмата. Нејзината најголема пасија е UX/UI дизајнот и можноста да креира продукти кои се привлечни и интуитивни за корисникот.
По завршување на Академијата, Ивана се вработи во компанијата iSource како UX/UI дизајнер каде ќе ги усовршува и надополнува своите вештини и знаења стекнати од оваа Академија.
Си поразговаравме со Ивана за нејзините студентски денови и новата работна позиција
Здраво Ивана! Ние веќе те знаеме, но што би споделила со останатите? Која е Ивана?
Hello, јас сум Ивана. Имам 22 години и живеам во Битола. Слободното време најчесто го користам да побегнам на планина и на плажа, да прочитам добра книга или да изгледам некоја интересна серија, или секако во разговор и забава со пријателите.
Пред сѐ, честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како UX/UI дизајнер. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на дизајн?
Ви благодарам за честитките! Пред да бидам UX/UI дизајнер студирав програмирање и сѐ уште студирам. На една од задолжителните летни пракси од факултет работев iOS Development, често оној кој програмира исто така треба да го изработи и UX/UI делот. Тоа ми беше првиот контакт со UX/UI дизајн, иако во тој момент не бев свесна дека е посебна професија или што точно значи. И како дете често барав начин да ја преточам креативноста во нешто интересно, платно, хартија и стило. Најчеста инспирација, како и сега, така и тогаш беше мојот секојдневен живот и луѓето кои ме опкружуваат. Кога ја пронајдов оваа професија беше исто како понуда моето хоби да стане професија.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за UX/UI дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Целиот процес низ 9-те месеци беше уживање. Најпрво се стекнав со неизмерно знаење и пријатели со кои и денеска секојдневно комуницирам и се дружам. Еден од поголемите предизвици беа хакатоните на кои учествувавме, секогаш во различна група. Моравме да се запознаеме меѓу себе, да го запознаеме клиентот, таргет групата и во само 48 часа да го дадеме совршеното решение кое ќе ни донесе победа. Краткото време само по себе беше стресно, но носеше: адреналин, возбуда и желба за победа кои ни беа двигатели низ целиот процес.
По завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да работиш во компанијата iSource. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?
Последна задача на Академијата за UX/UI дизајн беше да го изготвиме нашето портфолио кое ги содржеше реалните проекти на кои работевме во текот на Академијата и тоа беше доказ за моите знаења и вештини. iSource е една од поголемите IT компании во Битола. Одлуката за да се вработам токму таму беше желбата да можам да имам ментор кој ќе ми помогне да продолжам да се градам и да учам додека работам.
Што би можела да ни споделиш за оваа компанија, која е нејзината област на работа?
iSource е IT компанија која работи Development, UX/UI Дизајн, Social Media, архитектонски решенија и уште многу од услугите кои се потребни во IT индустријата. Иако е една од поголемите компании во Битола, покрај сериозните работни обврски кои секојдневно ги извршуваме има и неверојатен пријателски дух меѓу вработените. Неизмерно сум среќна од начинот на кој ме прифатија како нов член во семејството iSource.
Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?
Аларм, кафе, музика и возбуда за новиот ден. Околу 9 часот одам во канцеларија, пуштам музика и Figma и работниот ден може да започне. Моментално, најдобри пријатели ми се Google кој ми помага при researchot и Figma каде знаењата од research и Академијата за UX/UI дизајн ги преточувам во дизајн.
Што значи UX/UI дизајнот за тебе?
UX/UI дизајнот во мојот живот пополнува неколку места, професија, пасија и хоби. Како што кажал Марк Антони – „Ако го работиш она што го сакаш, нема да работиш ниту еден ден во твојот живот“, па јас секојдневно уживам додека се справувам со предизвиците кои ми ги носи работниот ден.
Како UX/UI дизајнерот гледа на светот и работите околу него?
Дозата на перфекционизам која во себе ја носи дизајнерот е навистина голема. Можеби тоа е една од лошите карактеристики, кога перфекционизмот преминува во OCD. Хаха, естетиката е секогаш во преден план, но на ум треба да се има функционалноста и да се најде хармонија помеѓу двете. Оваа особина стана дел не само од моите дизајни туку и од секојдневниот живот.
На кое твое достигнување си најмногу горда во животот?
Горда сум на себе што на само 22 години го пронајдов она што сакам да го работам и имам можност да уживам во тоа уште цела една кариера понатаму.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
Една од поуките од животот на кои секојдневно се присетувам е да не планирам на долги стази, но сепак себеси се гледам како исполнета, среќна и Senior UX/UI дизајнер.
За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советува сите оние кои допрва размислуваат за кариера како UX/UI дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?
Да го работиш она што не го сакаш е како да одлучиш да се омажиш за партнер кој не го сакаш и секое утро да се будиш до него. Кариерата е нашето секојдневие во текот на целиот живот, па во одлуката немаше многу двоумење. За Brainster се одлучив поради успешната историја која ја носи со себе и изврсниот кадар кој го нуди. Откако ја завршивме Академијата со Александра (колешка од академијата) често се шегувавме дека ги гледаме професорите кои ќе предаваат на наредната Академија и ни се раѓа желба уште еднаш да го поминеме целиот процес, бидејќи навистина сите до еден ја оправдаа титулата која ја носат и процесот го направија најлесен што можеше за нас.
На оние кои сакаат да бидат UX/UI дизајнери им препорачувам да не се двоумат и веднаш да преземат чекор, бидејќи деновите врват и потрошеното време никој не може да го врати. Од алатки, користете Figma и inVision, знам дека Adobe xd е фенси, но има премногу ограничувања и во некој момент би морале да го замените.
За крај би сакала да се заблагодарам на целиот тим на Brainster кој ги оправда и надмина моите очекувања и ми го подари несомнено совршениот старт на мојата кариера. ❤️
На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Уписите се во тек, резервирај го своето место на време!