Започнувањето на ново кариерно патување претставува голем предизвик, без разлика дали станува збор за вашето прво работно искуство или веќе сте искусен професионалец кој бара промена. За некои, платата и стабилноста на работата тежат најмногу во нивниот нов избор за кариера, за некои пак најважен е балансот помеѓу работата и приватниот живот, како и адаптацијата. Со висока почетна плата, простор за креативност и зголемување на побарувачката за работа, UX/UI дизајнот отвора многу кариерни патишта.

Според извештајот на Linkedin 2021 jobs, UX/UI дизајнот е во топ 5 најбарани професии и дополнително во изминатата година побарувачката за UX/UI дизајнери на пазарот е зголемена за 20% и постојано продолжува да расте. Бидејќи UX/UI дизајнот вклучува вештини како решавање проблеми, комуникација, истражување и анализа, не постои единствен пат да станете UX/UI дизајнери. Не дозволувајте зборот „дизајн“ да ве исплаши, сите дизајнерски вештини што апсолутно ви требаат во UX/UI може лесно да се научат.

 

 

Дали сега е правиот момент да започнеш да учиш на Академија UX/UI дизајн и да започнеш нова кариера? Дефинитивно да! Топлите летни денови, или пак месеци, искористи ги максимално продуктивно и стекни нови вештини кои ќе те помогнат да дојдеш до нова креативна кариера.

На Академијата за UX/UI дизајн, нашата мисија е постојано учење и надградување. Искрено, веруваме дека учењето е процес што никогаш не завршува. Затоа, оформивме тим од инструктори кои ја делат оваа вредност. 

Нашите иструктори се експерти од различни области на UX/UI дизајнот кои имаат долгогодишно искуство и се специјализирани во модулот што го предаваат. Секој од нив е со различна приказна и различен кариерен пат во оваа релативно (кај нас) нова професија. 

 

 

Горјан, Мартин, Барбара, Јане  и Златан се дел од инструкторите кои несебично ќе ти гo пренесат сопственото искуство и работите кои морале сами низ долгогодишна работа да ги научат и да ги совладаат. Најважно од сè е тоа што секој инструктор ќе придонесе со различен компаниски “insights” и преку практични примери ќе те подготви за сè она што те чека во tech индустријата работејќи како UX/UI професионалец.

Совладувањето на вештините за UX и UI дизајн е процес за кој се потребни неколку години посветеност во областа. Ова е факт. Но, успешното завршување на еден UX/UI дизајн проект може да се изведе со 6-12 месеци напорна работа и посветеност. Вештините најдобро се стекнуваат преку работа на реални проекти, па затоа за време на Академијата за UX/UI дизајн преку менторски средби ќе работиш со инструкторите на 6 реални проекти и ќе подготвиш: веб страна, мобилна апликација, онлајн продавница и ќе го креираш твоето портфолио кое ќе го презентираш пред нашите партнер компании, ментори и recruitment тим.

 

 

Целта на Академијата е студентите да се вработат по нивното завршување. Па затоа, секој студент ќе има можност да работи на сопствените soft skills и да добие помош и насока од нашиот recruitment тим за кариера. Дополнително, студентите ќе имаат можност за пракса и вработување по завршување на Академијата. Она што е најважно е дека  на студентите ќе им овозможиме и ресурси за доживотно учење и надградување. 


Во продолжение можете да видите дел од проектите на кои работеа студентите од Академијата за UX/UI дизајн.

 


 

  • Онлајн продавница

Еден од предизвиците на Академијата за UX/UI дизајн со којшто студентите се соочија беше индивидуално да дизајнираат online продавница за нашиот co-innovation партнер, дигиталната печатница MyPrint. Решенијата понудени на клиентот од страна на студентите содржеа детално истражување, заклучоци, wireframes и специфичен визуелен дизајн. Прочитај повеќе.

 


 

  • Hiring платформа 

Платформата за ко-иновации и вработување на Brainster e еден од најновите продукти креиран целосно од нашите студенти. Оваа платформа е наменета за да го олесни процесот на ко-иновирање на идеи и вработување на талентирани студенти. Идејата позади платформата лежи во потребата од двонасочен пристап при обезбедување на еднакво задоволство и третман како на нашите студенти, така и на компаниите клиенти кои имаат потреба од иновативни решенија за проекти или пак отворени позиции за талентирани студенти. Оваа платформа е отворена за сите оние кои се заинтересирани за соработка при вработување или пак ко-иновација и е перфектен пример за што сѐ можат да направат талентите на Brainster. Прочитај повеќе. 

 


 

  • Мобилна апликација

Беше организиран првиот интернационален Хакатон на Академијата за UX/UI дизајн, која ги сплоти силите и вештините на студентите од Академијата за UX/UI дизајн во Македонија и Академијата за UX/UI дизајн во Виена. Овој Хакатон ги зближи креативните умови на студентите, за да им помогне да се справат со предизвикот даден од страна на нашиот co-innovation партнер – Traders Alloy. Станува збор за start-up кој е во почетна фаза и се занимава со финансии. Тие веќе имаат десктоп апликација, но сакаат да понудат и мобилна апликација на своите клиенти, а тука стапуваат на сцена нашите студенти. Прочитај повеќе. 

 


 

  • Маркетинг мапа на Македонија

Како дел од програмата на секоја Академија на Brainster е студентите да земат учество на 48 часовните Хакатони и да работат на реалните проекти за реални клиенти со цел да им се доближи искуството и да не им изгледа „застрашувачки“ почетокот на својата кариера.  Проектот за овој Хакатон којшто тие имаа задача да го дизајнираат и кодираат беше: Маркетинг Мапата. Овој продукт претставува Co-innovation проект, бесплатна алатка за користење која ги поврзува маркетинг професионалците кои бараат работа со маркетинг агенциите. Прочитај повеќе. 

 


  • Градење на сопствено дизајнерско портфолио

Со цел да ја комплетираат програмата на оваа Академија, студентите имаат задача да креираат финални презентации за своите портфолија, да ги презентираат пред тим од ментори и да бидат оценети врз база на неколку критериуми. Портфолијата на студентите ги содржат сите реални проекти за реални клиенти коишто тие ги имаат работено индивидуално или тимски, под менторство на инструкторите за нашите co-innovation партнери. Преку сопственото портфолио, студентите имаат можност да се издвојат како дизајнери и да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување. Разгледајте ги портфолијата на Анастасија, Петар, Ива, Дамјан и Марија.

 

Останато е уште 1 слободно место на Академијата за UX/UI дизајн.

Аплицирај веднаш и резервирај го своето место на време!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа .

 

Како до 1.000.000€? 🤫