Во UX/UI дизајнот, клучни се визијата и интуицијата

Вовед во UX/UI дизајн со Ѓорѓи Јаневски

Запознајте се со Ѓорѓи Јаневски, инструкторот кој на нашата Академија за UX/UI дизајн e задолжен за модулот „Вовед во UX/UI дизајн“. 

Поразговаравме со Ѓорѓи за од прва рака да ги разјасниме дилемите за што точно е UX/UI дизајнот, која е разликата помеѓу UX/UI и Product Design и кои карактеристики треба да ги има еден добар UX/UI дизајнер. 

 

Здраво Ѓорѓи, кажи ни збор два за тебе да те запознаеме подобро.

Хелоу 🙂 Aјде збор два за едно подолго работно искуствто :). Уште во основно училиште немаше тетратка во која немав цртано илустрации. Прв пат посериозно се сретнав со дизајнот кога го посетив курсот по 3D анимација во 2004/2005-та година на AXIS Academy, академија на која по неколку години станав и инструктор. Желбата за промена и надградување никогаш не престана па брзо потоа почнав да работам во една помала маркетинг агенција каде почнав да ги усовршувам Photoshop и Illustrator како пропратни алатки за 3D дизајните. Подоцна се појавиja мобилните апликации, кои мислам дека кај мене беа тригер за изучување и продлабочување во полето на UI дизајнот. Следеше еден убав период во маркетинг агенцијата Publicis. Покрај бренд дизајнот, дигиталните продукти и решенија за клиентите станаа секојдневие, a со тоа се зголемуваше и потребата за UX/UI дизајн. Следејќи ги трендовите на мобилната и веб индустријата, сега работам како UX/UI и Brand designer во компанијата Sorsix.

 

Што всушност е UX/UI?

 UX и UI секогаш одат заедно, барем во делот кога ја категоризирираат нашата професија. Ова се два различни поими со различни профили на работа, но како што реков најчесто одат заедно и всушност UI e еден мал дел од целокупниот UX дизајн. На кратко, UX (User experience) e посветен на Interaction design и User Research (User problem). Односно како ќе реагира корисникот на продуктот, дали ќе биде задоволен од интеракцијата со продуктот и дали ќе ја заврши работата брзо и лесно при користење на тој продукт. Додека UI (User Interface) е посветен на визуелниот дел, односно како изгледа тој продукт. 

 

На многу луѓе сè уште не им е јасно што е UX/UI дизајнер, а што е пак продукт дизајнер… Дали може да ни направиш една дистинкција?

Најдобар одговор на ова прашање ќе добиеме ако погледнеме што работи едниот, а што другиот профил. Продукт дизајнерот во основа ги содржи во себе и двата профили. UX e одговорен за: Разбирање на проблемот/потребите, истражување, креирање на скелет (структуирање), креирање сценарија, персони, тестирање. Може да работи во Agile and Waterfall модели. UI e одговорен за: Дизајн на апликациите, дешборди, веб дизајн, брендинг, дизајн на икони, компоненти. 

 

Како изгледа работата на еден UX/UI дизајнер? Кои се неговите задачи на еден проект од почеток до крај?

Ако поставиме еден редослед за изработка на еден продукт, гледано од UX  јас би го дефинирал следново:  

  1. Разбирање на проблемот / истражување. Според мене оваа точка е една од најбитните. Бидејки добро дефинираниот проблем веќе е половина решен.
  2. Информации за корисниците / разбирање на профилите кои ќе го користат продуктот.
  3. Концепирање и пристап кон проблемот (ги разгледуваме можните решенија, правиме прототип, скицираме, валидираме…)
  4. Детален дизајн на интерфејсот, следење на имплементацијата на дизајнот, мониторирање на продуктот и неговиот финален изглед.

 

Кои нешта ти се омилени во оваа професија?

Самиот факт што креирате продукт кој треба совршено да работи и да изгледа добро е одговор на тоа колку оваа професија е мултидисциплинарна и ориентирана на корисникот. Најубав момент е кога ќе видите насмеани ликови кои кликаат по вашата апликација.  🙂

 

Без што не може да се биде добар UX/UI дизајнер? Кои лични карактеристики се потребни?

Без да го разбереш проблемот на клиентот/корисникот. За карактеристиките јас би рекол – визија. Да можете да ги погледнете работите од далеку, и малку интуиција која ќе ве води низ целиот процес.

 

Накаде се движи иднината на UX/UI дизајнoт? Што мислиш дека ќе донесе наредната декада за UX/UI дизајнерите?

Секако дека е професија која има светла иднина. Дигиталните продукти и софтверските решенија не само што се дел од големите индустрии, тие се веќе дел и од нашето секојдневие. Декада е многу. Оваа индустрија е во брз развој и постојаните надградби и промени се предизвик што треба континуирано да се следи.

 

Дознај повеќе за можностите за почеток на кариера како UX/UI дизајнер ОВДЕ.

 

|