Јована Грачанин – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн

Запознајте ја Јована Грачанин – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец март 2022.
Име и презиме: Јована Грачанин
По професија: Економист
Академија: Академија за UX/UI дизајн
Зошто баш UX/UI дизајн: Академијата за UX/UI дизајн ја избрав бидејќи верувам дека во оваа сфера најдобро можам да ги спојам и искористам моите интереси и моите најдобри вештини. Отсекогаш сум обрнувала внимание на најмалите детали и сум била особено емпатична со секој што имал некаков проблем. Исто така, сметам дека сум посебно љубопитна и креативна личност и мислам дека ова е моето „платно” за изразување. Сé ова и многу други мои карактеристики и интереси совршено се вклопуваат во UX/UI дизајнот и објаснуваат зошто баш оваа област беше мојот избор.
Што те мотивира постојано да учиш: Има уште многу работи кои не ги знам и тоа мислам дека секогаш ќе ме мотивира. Исто, ме мотивира и сакам кога она на кое работам ми дозволува да сум слободна и ме држи in the lines во исто време. Сите новонаучени работи се само усовршување и придонес за да станам искусен и, се надевам, добар UX дизајнер.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Prototyping. Кога го гледаш твојот дизајн како станува жива материја и каква би била интеракцијата на крајниот корисник со твојот продукт.
Омилен модул и зошто: Сите изминати модули досега ми се допаѓале поради некоја одредена причина. Секој модул е посебен фрагмент од целиот процес и секој дел е во кохезија со минатиот. Можам да го издвојам модулот Design бидејќи јас лично можев да сум слободна и да ја искористам мојата креативност, но исто така и да ги искористам и да ги ставам на тест сите работи кои сум ги научила дотогаш.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори досега се супер и се впечатливи на некој свој уникатен начин. Јане ми остави особено голем впечаток и би го издвоила него специфично бидејќи има одлично познавање од неговата област и секогаш несебично ни го пренесуваше. Часовите беа многу интерактивни и секојпат можевме да се потпреме врз него за издржан feedback и одлични насоки за подобрување.
За 5 години сакам да бидам: Во иднина се гледам себеси како успешен и искусен UX/UI дизајнер со изградени вештини и стил кој им го олеснува секојдневието на крајните корисници преку развивање на оптимални решенија, кој непрекинато учи и наоѓа нови начини да се подобри.
Хоби: Пливање, планинарење, патување.
Омилена книга: Sapiens од Yuval Noah Harari
Омилен цитат: “But the eyes are blind. One must look with the heart.”
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!