Драгана Симоновска Тошевска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн

Запознај ја Драгана Симоновска Тошевска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец јануари 2023.
Име и презиме: Драгана Симоновска Тошевска
По професија: Студент на Академија за UX/UI Дизајн. Инаку, работам како управител во фирма за машинско перење и одржување на теписи.
Академија: Академија за UX/UI дизајн
Зошто баш оваа област: Поради широчината на дизајнерските предизвици и опсегот на активности во кои можам да се вклучам со другите.
Што те мотивира постојано да учиш: Успехот е она што ме мотивира да учам повеќе. Познавањето на фактот дека мојата напорна работа и упорност ќе ми помогнат да постигнам повеќе вештини, знаење и рутина е она што ме одржува.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Сите работи кои ги научив за мене беа нови и посебно интересни. Бидејќи досега немам работено во тим, ете тоа би го издвоила како големо искуство од кое научив колку е важно да се биде тимски играч и да си помагаме за да го постигнеме посакуваниот резултат.
Омилен модул и зошто: Analysis и Тооls дефинитивно. Во Analysis првпат се сретнав со методите кои и ден денес ги употребувам во истражување, постојано имавме to do задачи кои ми беа предизвик. Додека Tools модулот едвај го чекав каде се запознав со комплексноста и функционирањето на Figma.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори оставија посебен впечаток во текот на Академијата. Ако баш морам да издвојам тоа би биле Андреј кој имаше огромно трпение и многу се трудеше со примери да ни ја долови материјата и Александар кој секогаш беше достапен да помогне и кој е заслужен за моето портфолио.
За 5 години сакам да бидам: Јас сум личност која секогаш сака да ги планира работите. За 5 години се гледам себеси како професионален UX/UI дизајнер во компанија каде би сакала да ме гледаат како доверлив и одговорен член на таа организација на кој може да се потпрат за да ги испорачаат резултатите навреме и во бараниот стандард.
Хоби: Сѐ што е поврзано со креативност мене ме релаксира и исполнува. Сакам да патувам, бојам, одгледувам цвеќе, гледам документарни филмови и сл.
Омилена книга: Нашиот луд мозок – Дим Бурнет
Омилен цитат: “Design is not what it looks like and feels like. Design is how it works.”
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!