Дарко Ѓичев е студент на нашата Академија за UX/UI дизајн, кој покажа голема амбиција, ентузијазам и љубов кон дизајнот и дојде до посакуваната кариера како UX/UI дизајнер. Неговото ново работно место е компанијата Sim Sector Studios, каде Дарко ќе продолжи да ги надградува своите вештини и знаења стекнати од Академијата за UX/UI дизајн.
Во продолжение си поразговаравме со Дарко за неговите студентски денови и новата работна позиција
Здраво Дарко. Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво, фала ви најмногу! Јас сум Дарко, имам 27 години и доаѓам од Свети Николе. Студирам Архитектура и од тука доаѓа таа поврзаност со дизајнот за естетика, прецизност и посветеност.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата ми беше одлично искуство, и покрај тоа што беше целосно remote се зближивме, другарувавме и учевме заедно. Во однос на очекувањата, мислам дека ги пречекори бидејќи и покрај тоа што поголемиот дел од нас беше без претходно искуство во областа, сега на крајот на Академијата се чувствуваме како спремни дизајнери.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Одлично искуство, одлични ментори и одлични студенти. Паралелното работење на модулите и реалните проекти беше најголемиот предизвик, но и тоа е моментот каде што највеќе се фокусиравме и научивме.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Секој модул на свој начин беше интересен, бидејќи ги среќаваме за првпат и учиме нови работи. Како најдобар модул би го избрал Front-end со Горјан бидејки за еден месец научивме премногу за имплементацијата на дизајнот.
Тековно на Академијата работите на реален проект E-shop. Каков е процесот?
Мислам дека овој е еден од поинтересните проекти. Морам да кажам дека идејата на клиентот е интересна и несекојдневна. Во моментов сѐ уште сме во рана фаза на дизајн и поминавме неколку интервјуа со клиентот и добро ги истраживме светските конкуренти на пазарот.
Уште пред да ја завршиш Академијата, успеа да се вработиш во компанијата Sim Sector Studios која е дел од групацијата KW Automotive Group. Како стигна до овде?
Мислам дека константното учење, константната работа и завршување на сите зададени проекти ме спреми за да влезам во компанијата.
Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?
Sim Sector Studios e компанија која е дел од Автомобилската индустрија и работи на интернационално ниво.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би користел?
Учествувам во целиот процес на дизајнот, како и имплементацијата на истиот.
И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизјанот?
Доколку сакаат да бидат дел од светот на дизајнот, да бидат храбри и одлучни и да се запишат на Академијата за UX/UI дизајн.
На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Уписите се во тек, резервирај го своето место на време!