Студентите од првата група на Академијата за UX/UI дизајн стигнаа на крајот од нивното патување. Со цел да ја комплетираат програмата на оваа Академија, тие имаа задача да креираат финални презентации за своите портфолија, да ги презентираат пред тим од ментори и да бидат оценети врз база на неколку критериуми.
Портфолијата на студентите ги содржат сите реални проекти за реални клиенти коишто тие ги имаат работено индивидуално или тимски, под менторство на инструкторите за нашите learning партнери. Преку сопственото портфолио, студентите имаат можност да се издвојат како дизајнери и да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување.
Како едно од најдобрите финални UX/UI портфолија, се најде и она на Дамјан.
Дамјан Колевски е продукт дизајн инженер, а воедно и алумни од нашата Академија за UX/UI дизајн. Има дипломирано „Машинско инженерство по индустриски дизајн“ и има 5 годишно искуство во таа област. Неодамна заврши на Академијата за UX/UI дизајн и влезе во ИТ индустријата каде развива софтвер за “Индустрија 4.0”.
Во продолжение можете да го погледнете портфолиото на Дамјан и да дознаете што тој ни кажа за него
Каков беше процесот на изработка на своето портфолио?
Изминативе 4 месеци, во склоп на Академијата, меѓу другото, работев на креирање на своето портфолио. Можам да кажам дека за разлика од другите професии, па дури и од другите дизајнерски професии, за нас UX дизајнерите, портфолиото претставува целосен тест на сите наши професионални компетенции. Затоа портфолиото може да има најголемо влијание при процесот на вработување во нашиот случај.
За секој од нас е голема одговорноста со која пристапува кон неговото дизајнирање и развивање. Со текот на искуството во професијата, стекнуваме знаења и идеи кои сакаме да ги прикажеме и како нови проекти во нашето портфолио. Затоа постојано го надградуваме и ретко кога сме потполно задоволни со него. Покрај тоа, се трудиме да го примениме и секој нов фидбек кој ќе го добиеме.
Покрај своето портфолио, работевте и на реални проекти. Какво е твоето искуство?
Повеќето проекти ги работевме во групи. Тимската работа е секогаш одлично искуство. Покрај знаењето, се стекнуваат многу вештини за комуникација кои се особено важни за да можеме успешно да се снајдеме во било која работна средина.
Што најмногу ти остана во сеќавање од твоите студентски денови на Академијата за UX/UI дизајн?
Од деновите на Академијата за UX/UI дизајн, најмногу ми останаа во сеќавање: прекрасната дружба со колегите, возбудливите хакатони, периодите кога губев мотивација, но продолжував да работам напорно, и секако стекнатите знаења и вештини. За сето ова сум многу благодарен.
На Академијaта за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Дознај повеќе за реалните проекти на Академијата за UX/UI дизајн, кои ќе станат дел од твоето професионално портфолио.