Успешните приказни на студентите од Академиите на Brainster – Marketing edition #4

Преку работа на реални маркетинг кампањи и изработка на оригинални side проекти секој студент на Академијата за дигитален маркетинг се стекна со вештини кои му го отворија патот кон супер-успешна кариера.

Еве каде се вработија студентите по завршувањето на Академијата:

Сара Илиевска –  секогаш спремна со одлични прашања и една од најактивните учесници на Академијата. По завршувањето веднаш стана дел од софтверсата компанија Iborn.

Фросина Маневска, започна своја стартап компанија каде нуди услуги од областа на дигитален маркетинг и market research.

Фросина Полазаревска – студентка по архитектура која заплови во светот на дигиталниот маркетинг, а моментално е дел од тимот на Brainster и успешно ги води Pop-up курсевите.

Маја Новаковска – по завршувањето на Академијата, Маја веднаш започна со пракса во маркетинг агенција Vrootok и моментално е дел од нивниот маркетинг тим.

Јана Крстевска – неуморна за нови предизвици, својата кариера во дигитален маркетинг ја продолжи во Шпаркасе банка како дигитален маркетер.

Драгица Додевска – по примерот на успешните side проекти на Brainster, Драгица за компанијата Inbox создадe три side-projects кои ќе бидат реализирани во блиска иднина.

Сара Ацевска – Од  дизајн до дигитален маркетинг. Сара направи идеален спој и моментално работи на голем проект каде целосно води маркетинг кампањи.

Марија Секуловиќ – како од минимален бриф, може да се подготви целосна маркетинг стратегија? Прашајте ја Марија за тоа. Уште во првиот месец на Академијата, стана дел од тимот на Vrootok каде успешно работи маркетинг кампањи.

Тиана Мицовска уште по вториот месец поминат на Академијата за маркетинг се вработи во Data Masters.

Емилија Здравковска – по завршувањето на Академијата, започна со работа во дигиталната агенција Digital present, каде успешно работи на креирање и спроведување дигитални маркетинг кампањи.

Христина Ефинска – уште еден доказ дека можеш да ја смениш кариерата доколку доволно се посветиш. Тина по Академијата за дигитален маркетинг,  се вработи во дигиталната агенција Vrootok.

Продолжуваме со креирање нови успешни приказни! Уписите се во тек: https://www.brainster.io/marketpreneurs

Related Stories For You