Денес, интернетот е преплавен со листи и списоци за неповолностите и предностите на учењето од далечина, но нема доволно информации како да се надминат тие неповолности.

Утврдено е дека учењето од далечина нуди значителни предности што го олеснуваат животот, а исто така помагаат за попродуктивно да се искористи времето. На пример: со учењето и работењето од дома се заштедува на време и финансии бидејќи нема патувања, учењето може да се одвива во било кое време од денот според вашето темпо, како и посетата на online часовите која може да биде од било која локација, по ваш избор.

Сепак, учењето од далечина има и неколку недостатоци, за кои ќе поразговараме со цел да ги надминеме или во најдобро сценарио – да ги претвориме во предности.

 

 

  • Идентификувај ги предизвиците

Најдобриот начин да ги идентификувате предизвиците со кои би се соочиле при учење на далечина, е преку искуствата од прва рака, а ние во Brainster имавме неколку од нив. Нашата стратегија отсекогаш била двојна – да се направат брзи подобрувања, но исто така и да се работи на долгорочните подобрувања, со цел да се избегнат предизвиците во иднина. Покрај тоа, развивме и комуникациски процеси кои не само што ни помагаат да ги откриеме новите проблеми, туку и да ги предвидиме идните.

Добро истраженото искуство од прва рака, дава можност да се лоцираат најпроблематичните точки во целиот процес, а со тоа и можноста да се следат и да се избегнат проблемите уште пред да се појават. Едно таква точка е почетокот на било кој курс или Академија, каде што се утврдени правилата и постапките, запознавањето на инструкторите и студентите – точка каде што се присутни многу непознати процеси.

Со вложувањето на дополнителен напор при комуникација на овие непознати, на јасен и концизен начин, се минимизираат недоразбирањата што можат да се појават. Покрај тоа, стапувањето во комуникација и проверувањето на студентите и инструкторите по секоја сесија, помага да се идентификуваат случаите каде што стагнира колективниот напредок.

 

 

  • Пронајди решенија

Недостатокот на интеракција често се наведува како еден од недостатоците на учењето од далечина, и до одреден степен – со право. Сепак, ова прашање може да се реши на многу ефикасни начини. Во Brainster, ангажирањето на студентите да работат на групни и реални проекти, е една од клучните активности на сите наши Академии и Bootcamps. Комуникација помеѓу студентите, врсниците и инструкторите, се поттикнува преку директни пораки, е-пошта и видео конференции со цел да се зголеми интеракцијата.

Губењето на мрежата со алумните, реномираните раководители на факултети и професионалците од својата област, исто така се смета за недостаток, но, најдовме начин да го трансформираме овој недостаток и да го направиме да биде еден од нашите најсилни адути. Нашите инструктори се едни од најпознатите експерти во нивната област. Нашата студентска програма, не завршува со дипломирањето на студентите, напротив, вложуваме и помагаме на студентите да започнат кариера преку Co-innovation & Hiring платформата и партнерството со над 300 компании кои редовно вработуваат наши студенти и алумни.

Проблемите коишто се јавуваат поради интернет конекцијата и неможноста за фокусирање и следење на екранот на подолг период, се решаваат со снимање на секое предавање, така што студентите имаат можност да ги преземат снимките од нашата платформа и да ги гледаат во било кое време од денот.

 

 

  • Дополнителни ресурси

Покрај сите овие подобрувања, обезбедивме и бесплатни вебинари и online предавања за сите Академии, така што секој потенцијален студент ќе има можност да добие увид на она што го нудиме и она што би го учел доколку би се запишал кај нас. Овој вид процес на само-подобрување којшто ги зема недостатоците, ги подобрува и ги претвара во предности, е континуиран напор кој се стреми да постигне континуирана ефикасност и подобрување на искуството на студентите.

Нашиот главен фокус отсекогаш биле нашите студенти.

Ако размислувате да ги надградите своите вештини, да изберете нов пат на кариера или едноставно сте љубопитни да дознаете повеќе за тоа како да го искористите најпродуктивно учењето од далечина, слободно испратете ни порака и ние ќе се потрудиме да ве насочиме и водиме низ целиот процес.

 

Совладајте ги најбараните дигитални вештини на денешницата и отворете си го патот кон кариера каква што посакувате.  Академиите на Brainster им помогнаа на многу студенти да ја направат посакуваната дигитална трансформација и да бидат во тек со промените кои што ги носи иднината. 

Доколку сакате да станете дел од IT светот, разгледајте ги програмите кои што ги нудат Академиите на овој линк.

Прочитајте овде повеќе за успешните кариерни трансформации на нашите студенти.