Како да бидеш во тек со новостите од Tech индустријата?  

Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријатa КариераРегистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Знаеш ли дека еден примерок на New York Times содржи информации, колку што човекот од 17ти век успеал да меморира во текот на целиот свој живот?

Во 21-от век, преплавени сме со информации. Тоа ја отежнува можноста за селекција на најрелевантните за својата индустрија, а како ќе напредуваш во кариерата ако не си во тек со трендовите? Ти предлагаме неколку добри сајтови, со одлични содржини кои ќе ти овозможат да бидеш во чекор со сѐ што е Tech.

Medium.com

Платформа на која можеш да читаш, пишуваш и објавиш содржини кои ти се во полето на интерес. Medium на секој му овозможува да ја сподели својата перспектива кон нештата. Тука ќе ги пронајдеш релевантните експерти од твојата индустрија. Ти овозможува да ги следиш категориите кои ти се допаѓаат и да добиваш персонализирана содржина на e-mail, секој ден!

tehnologija vesti

Case Study Club

Прочитај искуства од дизајнирање на дигитални продукти со вистински примери. Можеш да се приклучиш на оваа едукативна платформа и неделно да добиваш нови Case Studies во твојот inbox. Постојат содржини со најразлична тематика: од пишување на добра содржина, па се до графички решенија.

tehnologija vesti

Product Hunt

Ги објавува најдобрите нови продукти од светот. Место за ентузијасти кои сакаат да ги споделат и разберат најновите мобилни апликации, веб страници, хардверски проекти и технолошки креации. Сајтот вклучува коментирање и гласање, а најдобрите продукти се искачуваат на врвот на листата секој ден. Има четири категории: технолошки производи, игри, книги и podcast-и. Тоа полесно ќе ти овозможи да ја најдеш посакуваната содржина. Постои и newsletter опција за секојдневно испраќање на „yesterday’s top tech „hunts“.

tehnologija vesti

TechCrunch

Епицентарот на сите приказни за стартапи, за Silicon Valley, ризичен капитал, gadgets, апликации и многу повеќе. Известува за профилирање на нови технолошки бизниси и производи, најнови вест од IT светот и анализа на новите трендови во технологијата. Можеш да ги разгледаш сите наслови на TechCrunch, или да ја симнеш и да ја прилагодиш апликацијата за да ги гледаш темите кои те интересираат.

tehnologija vesti

Venture bit

Добар извор на новости и настани кој објавува содржини за програмери, ентузијасти и бизнис лидери нудејќи им паметни решенија. Тука станува збор за актуелна технологија, со посебен акцент на најновите Gaming трендови. Venture bit нуди една поинаква перспектива кон знаењето, влијанијата и конекциите погледнато од аспект на она што го трансформира животот на луѓето.

tehnologija vesti

Angel.co

Доколку истражуваш за твојот стартап или пак бараш работа во стартап компанија, Angel.co e најдобра веб-страна за стартапи, инвеститори и ентузијасти. Мисијата на платформата е да го демократизира процесот на инвестирање. Сајтот им овозможува на стартапите да соберат пари од т.н. „ангелските инвеститори“, – бесплатно и во замена за нивната генијална идеја.

tehnologija vesti

Hacker News

Сајт кој објавува многу добри содржини за љубопитните индивидуалци. Вестите се фокусирани на IT и претприемништво, а она што го прави user friendly е тоа што акцентот е ставен на коментирање на содржините од страна на корисниците. Hacker News не им дозволуваа на корисниците да коментираат додека не соберат 501 „карма“ поени. Исто така и можноста да се означи некој во коментар се активира после собирањето на 30 поени.

tehnologija vesti

Android police

Доколку си Android корисник, ова е најдобро место каде можеш да се обратиш за сѐ што е поврзано со Android. Прочитај ги најновите вести, совети, трикови, упатства, видеа и подкасти, уреди за разгледување, апликации и игри и следење на актуелните хакови.

tehnologija vesti

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА