Совети за пишување на совршеното CV, втор дел

Минатиот пат успеавме да го зголемиме притисокот околу составување на добро резиме, за после само вешто да го разбиеме со доза добри совети.

Овој пат продолжуваме со листата која ни помогна секој пат кога едвај се убедивме себеси да поработиме на нашето CV. Искрено, најчесто кога моравме и кога веќе беше предоцна. Но чувството на чување на совршеното CV на десктоп е многу помагично од што звучи.

Овој пат продолжуваме со втора тура на совети кои ветуваме дека ќе ти помогнат со работата што ја посакуваш, а која можеби понекогаш се сомневаш дали ја заслужуваш.

Да позборуваме за мотивациските писма

blog 9 slika 2

Според истите тие веќе спомнати експерти, на некои менаџери ќе им значи доколку приложиш мотивациско писмо, додека на други пак нема комплетно ништо да им смени. Иако звучи неверојатно фрустрирачки, најбезбедната опција е секогаш да приложиш и мотивациско писмо, освен во случаите кога компанијата експлицитно има наведено дека не треба да се испрати писмо.

 …Во тој случај, како се пишува мотивациско писмо?

Иако има предодредена форма по која можеш (и треба) да се водиш, најдобар совет е да прочиташ неколку добри примери по интернет или да побараш веќе испробано и докажано писмо од другар.

Основната структура на едно мотивациско писмо изгледа вака:

Четири параграфи: Вовед, заклучок и 2 параграфи помеѓу нив
Едниот од тие 2 средни параграфи треба да одговара на прашањето: Зошто ти? Зошто си ти вистинскиот за оваа позиција?
Вториот од средните параграфи треба да одговара на прашањето: Зошто тие? Зошто сакаш да работиш токму за таа компанија?

Дали треба да пишувам ново мотивациско писмо секој пат кога аплицирам за нова позиција?

blog 9 slika 3

Да! И внимавај секогаш да се фокусираш на квалитетот, наместо на квантитетот. Добар совет е да се посветиш максимално на една работата на која во моментот аплицираш, и можеби, наместо да аплицираш на 10 позиции, во неделата ќе успееш да аплицираш на само две, ама направи го тоа екстремно квалитетно.

Секогаш „продади“ се себеси во најдобро можно светло

Пробај да размислиш за CV и мотивациско писмо кои ги испраќаш како на прв дејт – никој не мора прерано да дознае како драматично завршила твојата претходна врска. Не се срами, истакни ги квалитети и најдобрите страни од твојот карактер, ќе направи сериозна разлика, и сите го прават тоа.

Не користи заменки и не пишувај во прво лице

Можеби најосновното правило е дека во CV никогаш, никогаш, не треба да се најде реченица во која се обраќаш со „јас”.

Не се фокусирај на задачите и одговорностите

blog 9 slika 4

Фокусирајте се на резултатите и работите кои си ги постигнал. Менаџерот кој ќе го чита твоето CV и мотивациско писмо, не го интересира деталниот опис на твоето минато работно место, туку каков работник си бил и дали добро си ги исполнил тие задачи.

Не го полнете вашето CV со „празни” придавки

Реално, секој може да напише дека е лидер или вреден работник. Освен што клишеа се досадни, туку оставаат и впечаток на неинвентивност, потруди се малку повеќе и напиши нешто што ќе те опише лично тебе, пример нешто што ќе покаже дека си вешт во работење на повеќе работи одеднаш. Прашај се – што не би можел досега да постигне доколку не беше толку добар во мултитаскинг?

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, како да направиш CV, работа, мотивациско писмо.

Related Stories For You