Совети за пишување на совршеното CV, прв дел

Тензијата дека некој треба да те процени тебе и твојот долгогодишен труд, исполнет со неверојатни компликации и мали победи, според парче хартија е неверојатно голема.

Можеби тоа е причината зашто „ажурирај го CV-то“ е вечно заглавено на твојата to-do листа. Вистината е дека, иако се чини како да не е така, никој и никаде на светот не наоѓа особена сатисфакција во составување на резиме. Уште поневеројатно е како и најгенијалните не успеваат да ја завладеат вештината, а најголем доказ за тоа е дека всушност постои работна позиција како “CV експерт”.

За наша среќа, истите не секогаш ги чуваат највешто своите тајни, па ако користиш гугл подобро од што составуваш CV-a можеш да дојдеш до многу добри совети кои сериозно ќе ти помогнат при следната апликација. Разгледај ги 10-те кои ни помогнаа нас.

Една или две страни?

Најголемиот број од менаџерите преферираат CV-а кои се една или две страни долги. Но според оние што најдобро знаат што зборуваат, должината не е најважната работа. Тоа што е важно е колку јасно и брзо тие ќе може да проценат дали и како токму ти одговараш за позицијата која ја нудат.

Едноставно правило во овие случаи е – ако имаш помалку од 5 години искуство, твоето резиме треба да биде една страна долго. Ако имаш пак повеќе од 5 години, тогаш слободно резимето може да биде две страни долго. Но внимавај, на некои огласи често е конкретно нагласено колку долги резимеа преферира компанијата.blog 8 slika 2

Каде да ја сместам секцијата образование? Горе или долу?

Основната цел на едно CV е да покаже на што си работеле неодамна и последно. Доколку сè уште си на факултет, тогаш твоето образование треба да го сместиш во најгорниот дел од резимето. Доколку веќе 2-3 години поминале од твоите последни студентски денови, тогаш таа секција треба да стои подолу. Во случај кога, на пример, сè уште работиш на твоите магистерски студии, додека паралелно си вработен, смести ги студиите во најгорниот дел. Основното правило е дека едно CV треба да биде подредено обратно хронолошки – од најновиот настан кон најстариот.

Што ако, во стилот на Бил Гејтс, никогаш немам дипломирано?

Доколку планираш еден ден, сепак да ги завршиш студиите, тогаш безбедна и добра варијанта е во CV-то да ја сместиш предвидената година на дипломирање. Тоа на едноставен начин може да го направиш, на пример, во овој стил:

Универзитетот на кој си студирал, Предвидена година на дипломирање 2018

Во спротивно, доколку не ти е во план да го продолжиш образованието, тоа може да го направиш вака:

Универзитетот на кој си студирал, Х години од додипломски студии по новинарство.

blog 8 slika 3

Дали треба да внимавам на дизајнот на резимето?

Се зависи од позицијата за која аплицираш. Доколку аплицираш за работа во креативната индустрија, тогаш слободно (дури и се препорачува) да се потрудиш околу дизајнот на твоето CV. Денес постојат и бесплатни шаблони на интернет, сериозно добро издизајнирани, во кои само треба да ги внесеш податоците. Од друга страна, ако аплицираш за некоја потрадиционална позиција, тогаш најпаметно е да играш безбедно и да испратиш класична верзија од резимето.

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, како да направиш CV, работа, дизајн.

Related Stories For You