Brainster ја најавува Академијата за Sales – специјално дизајнирана шестмесечна академија за да ги подготви новите генерации за продажни лидери. Академијата за Sales е изградена врз основа на најновите Brainster Program Gold стандарди и е препознаена и поддржана од реномирани компании како Leoron, Magnetik, Native teams, Atlantik, Sopro и Thrivity.
Brainster Академијата за Sales е за оние кои сакаат да напреднат во својата кариера, да научат да преговараат, да склучуваат деловни партнерства и да го доразвијат својот претприемачки дух.
Оваа Академија е уникатна поради фокусот на развој на меки вештини (non-perishable skills), кои ќе останат релевантни и применливи низ целата кариера, без оглед на индустријата или позицијата во која ќе се најдете. Без разлика дали сакате да се специјализирате за продажба во технологија, маркетинг, финансии или некоја друга област – со стекнатите вештини ќе имате пристап до различни индустрии и работни позиции.
Што ќе научите во Академијата за SALES?
- Како да управувате со целиот продажен процес, од првата интеракција со клиентот до успешно склучување на договорот.
- Ќе станете експерт во преговарање и затворање на сложени продажни договори.
- Ќе научите како да ги ставите потребите на клиентите во фокус и да изградите долгорочни релации.
- Развивање аналитички пристап кон продажбата и донесување одлуки базирани на податоци.
- Стекнување технички вештини кои ќе ви помогнат во процесот на продажба.
- Усовршување на вештините за управување со времето за да постигнете максимална продуктивност.
- Развивање на претприемачкиот дух и на способноста да создавате нови можности на секој чекор.
Brainster ја создаде Академијата за Sales како единствена академија од ваков тип на пазарот што нуди специјализирана обука за продажба на ова ниво. Воедно, се справуваме со реален проблем во индустријата: недостиг на квалификуван кадар за големата побарувачка.
Со Академијата за Sales, ќе стекнете конкурентска предност на пазарот. Програмата е изградена во соработка со индустриски експерти од различни области, кои ги пренесуваат своите искуства и најдобрите практики директно на студентите, осигурувајќи дека ќе добиете најквалитетно образование во продажбата. Дополнително, продажбата е област која постојано расте, а нашата академијата ќе ве подготви за брз напредок на кариерната скала.