Реален проект во фокус: дизајн на корици на книги за Арс Ламина

Една од клучните карактеристики на Бреинстер е нашата ориентација кон практичното учење преку реални проекти. Со овие проекти студентите имаат можност да ги применат знаењата и да се подготват за вистинските професионални предизвици. Нашите студенти започнуваат соработка со клиенти уште во текот на Академијата, што им овозможува да се запознаат со динамиката на работата во индустријата и да стекнат искуство на конкурентниот пазар.

Прв проект на кој работат студенти од Академијата за графички дизајн е дизајн на корица за книга. Овој проект  за нашите партнери издавачката куќа Арс Ламина е идеален начин да се започне процесот на учење, бидејќи ги комбинира сите аспекти на визуелната комуникација, типографијата и печатените медиуми. Студентите ги применуваат знаења што ги стекнуваат на часовите и ги претвораат во реални решенија за проекти кои имаат вистински импакт. Проектот на корица на книга ја предизвикува нивната креативност додека ги вежбаат техничките вештини потребни за создавање на визуелно привлечни дизајни.


🎁 Создадовме early bird понуда за да те поддржиме во твојата кариера во 2025! Аплицирај сега и започни да градиш успешна иднина! 🎁


Проектот за изработка на корица на книга е технички и креативен предизвик, кој често не е лесен ниту за искусните дизајнери. Нашите студенти веднаш започнуваат со работата со која ќе се стекнат по завршувањето на академијата!

Погледнете дел од мини галеријата од дизајните на корица на книги на студентите!


Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).